МНТ – МОБ – од брошурата „ Културен центар во Скопје “ / извадок 1

Во едно не така далечно минато Скопје беше синоним за храбра и современа архитектура. Во тие години градот беше актуелен во архитектонските списанија и медиуми. Можеме само да замислиме, што ќе се случуваше со Скопје, ако во тоа време постоеше медиум како ArchiDaily. Ќе беше присутен константно во временски период од 15-20 години, ќе предизвикаше популарност  и ќе ги донесеше туристите кои сега ги мамиме со лажна архитектура.

Денес сме соочени со јавно бесознание и масовно мемориско бришење на  тој статус на градот, кој резултира со летаргично лесни одлуки за деградирање на таа архитектура.

Со цел да влијаеме на јавноста ( не само во интелегентните кругови) МАРХ се стреми да објави колку може повеќе информации во нет просторот за домашната архитектура. Истите  треба да бидат достапни јавно во мисијата за  општото запознавање на домашната сцена низ различни историски периоди.

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 1

Во тој контекст, на огромно задоволство, МАРХ ја доби брошурата посветена на „Културниот центар во Скопје“, дело на словенечките архитекти Стефан Кацин, Јуриј Принцес, Богдан Сплиндер, Марјан Уршич. Во неа се образложени сите објекти  од комплексот „Културен центар“ на победничкиот труд (Биро 77) .

Како достојно се архивира и презентира самиот историски чин пред јавноста, на избор на решение за објект кој се гради еднаш во векот, може да погледнете и да се уверите сами во продолжение. Прочитајте ги имињата и членовите на комисијата и тогаш се ќе ви стане јасно, зошто денес ни се случуваат конкурси и сценарија како „Скопје 2014“, каде имињата не постојат и немаат тежина за времето во кое живееме.

Денес започнуваме со делот посветен на МНТ или МОБ,  Уживајте:

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 2

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 3

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 4

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 5

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 6

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 7

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 8

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 9

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 10

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 11

Културен центар -МОБ - брошура - МАРХ - 12

продолжува >>>

Извор на насловна фотографија- линк

Ф.К