Отворен е нов Дом на културата во Македонска Каменица
03.05.2017 • Информации

На 28 април 2017 год. се отвори новиот културен дом во Македонска Каменица. Објектот се изгради на местото на старата кино сала, со разлика во вкупната корисна површина која е зголемена од 550 на 880 м2.
Во домот покрај мултифункционалната кино сала, треба да се сместат библиотеката и локалните културни друштва со свои простории. Инвестицијата изнесува 42 000 000 денари, средства добиени како заем од Светската Банка.
Во контекст на свечените отворања на новите објекти во Македонија, пракса е да изостане спомнувањето на луѓето кои стојат авторски зад реализацијата.
Извор >>>

Автор на статија: marh