„Партизанска“ – Скопје / брошура II

Заводот за станбено – комунално стопанисување на главниот град, во периодот на обновата на постземјотресно Скопје, преку брошури ги архивирал и презентирал пред јавноста, големите тековни архитектонско урбанистички интервенции.

Издадени се вкупно 8 вакви брошури од кои денес ја споделуваме втората брошура за станбените блокови и кули  долж булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

Во истата ќе најдете соодветно текстуално образложение за интервенциите во градот во постземјотресната обнова, како и технички цртежи од карактеристичните примери:

Со цел поголема достапност на материјалите, кои покрај архивска имаат и константно употребна вредност поради реалното егзистирање на објектите во просторот,  ја креиравме страната „Дигитална библиотека“ во која ќе може да ги најдете објавените брошури.

Секоја недела ќе креираме по една објава посветена на една брошура, во која ќе можете да го најдете линкот за превземање на  датотеката. За оваа мисија ни помогна арх. Владимир Десков кој го приложи дигитализираниот материјал и го иницира неговото споделување.

Бропурата може да ја симнете  тука  >>>  Партизанска – Скопје / Станбени блокови и кули

Ф.К