Почна меѓународниот саем за мебел во Скопје
25.03.2015 • Ентериер и мебел Информации

„Меѓународниот саем МЕБЕЛ, кој во 2015 година го одбележува своето 41 годишно постоење е водечки настан во модерниот и класичен мебел и дизајн на овие простори и пшироко. Над 50.000 посетители секоја година ги минуваат штандовите на МЕБЕЛ, а учество земаат повеќе од 400 домашни и странски изложувачи”- вака накратко е објаснето на официјалната fb страна по повод настанот.
МАРХ го посети истиот и притоа документира нешто од атмосверата. Генералниот впечаток е напредок во поглед на нови иновативни македонски решенија и производи, кои говорат за потенцијалот на македонскиот дизајн. Силно ги охрабруваме и новите храбри, млади македонски производители и им посакуваме успех!
Истовремено забележителна е повторувачката слика на голем дел од изложувачите, со одминат дизајн и неатрактивни понуди.
Манифестацијата до пред неколку години имаше и конкурс за млади талентирани дизајнери, од кои се бараше дизајн на одредено парче мебел. Тоа беше одличен инпулс за младите, но се одржуваше само 2 години по ред. Се надеваме дека конкурсот од следната година ќе биде обновен со цел потикнување на домашен современ дизајн за мебел. Како и да е, добро е да го посетите саемот и да видите што може да најдете на домашниот пазар.

Автор на статија: marh