Промени во законот за просторно и урбанистичко планирање

Во последните три години по 6ти пат беше променет Законот за просторно и урбанистичко планирање. Истиот е донесен со цел децентрализирање на одлуките за крајбрежните појаси – т.е простори со високо еколошко значење. Со новите измени Општинските совети и советот на Град Скопје се овластени да ја определуваат или менуваат намената на површините за градба покрај атрактивните локации, како охридското крајбрежје или брегот на реката Вардар.

Измените се носат на барање на пратениците од владеачките партии, под образложение дека е на барање на граѓаните, како би се намалил процесот на промена на урбанистичките планови, додека опозицијата убедува дека ова е само нова алатка за злоупотреба на градежните парцели.

Извор: Македонските медиуми

 

 

Автор на статија: