Реконструкција и над(градба) на ГТЦ / Scars 2008
20.03.2015 • XXI век
Конкурсен труд: 1ва награда
Претседател на комисија: проф. Георги Константиновски
Автори: Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиевска, AнаИвановска Дескова
Година: 2008
Контакт: scars.mk
Овие денови, повторно се актуелизира одбраната на ГТЦ-Скопје. Во тој контекст го приложуваме победничкиот труд на конкурсот за надградба и реконструкција, повикан во 2008 година. Овој проект ги задоволува обликовните принципи на коректен однос кон постоечката структура, т.е неодземање на вниманието од неговата докажана вредност, туку внимателно и ненаметливо надополнување. Тоа е навистина важно, како не би се нарушил концептот, впечатокот и присуството на оргиналниот проект и неговите функционални и естетски вредности.
“Белата хоризонтала” на овој објект, расчленета и прекршена во својот пресек, авторите ја доживуваат како нова обликовна оска. Преку неа ја „префрлаат”-умножуваат стаклената хоризонтала, со што постигнуваат симетрија. Самата по себе провидна и лесна во изразот (стаклената површина), не ја менува перцепцијата на стариот венец кој ја дефинира препознатливата силуета. Со тој принцип се надополнува, но не и одзема впечатокот за објектот, не се лажира неговата утроба ниту се деградира авторскиот јазик. Новите интервенции се пристојни во просторот не напаѓајќи го постоечкиот „брод”.
Овој проект со освоена прва награда не доживува сопствена реализација.
По некое време, се распишува нов конкурс со барање за таканаречена стилска фасада, на кој победува контроверзниот проект.
Во моментов во тек е припремата на референдумот, на кој ќе се постави прашањето кон граѓаните, дали се за или не, за редефинирање на градителскиот спомен од 70тите години на минатиот век.
Дотогаш, со цел едукативен пристап во објавите, и менување на сопствената перцепција кон домашната архитектура, МАРХ ви презентира пример на соодветен проект за ревитализација и надградба на ГТЦ, на авторите Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиевска, Aна Ивановска Дескова .
Приложен е оргиналниот текст и графичките прилози:
Автор на статија: marh