Референдумот за ГТЦ неуспешен!
26.04.2015 • Информации
“Референдумот на општина Центар за зачувување на автентичниот изглед на Градскиот трговски центар не успеа. Не се доби цензус бидејќи од вкупниот број гласачи, само 40 отсто го оствариле правото на глас денеска. Од граѓаните кои се одважиле, според општина Центар, најмалку 95 отсто гласале ЗА зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ, што според првиот човек на општината е јасна порака дека граѓаните не сакаат барок”,
вака беше пренесена веста за неуспешниот референдум од ТВ НОВА.
Иако иницијативата „ГО САКАМ ГТЦ”, општината Центар и сите љубители на скопскиот симбол, се обидуваат да ја одржат позитивната атмосвера и да не охрабрат сите да не се предадеме, разочарувањето е неизбежно.
МАРХ вечерва ќе хибернира поради страшниот автогол на скопјани. Се читаме утре, :/
Автор на статија: marh