Светлосна инсталација / Секулоска, Милојеска и Тасевска

Автори: Христина Секулоска, Ирена Милојеска и Симона Тасевска

Конкурс: CLUE 02 ( Community Lighting for the Urban Environment ) Competition /почесна пофалница

Година: 2016

Тимот формиран од неколку студенти, Симона Тасевска(апсолвент на индустриски дизајн на Mашински факултет), Ирена Милојеска и Христина Секулоска (студенти на Aрхитектонски факултет во Скопје), освоија специјална почесна пофалница на меѓународниот натпревар за дизајн од Сан Диего, Калифорнија – CLUE. Иннсталацијата е инспирирана од силуетата  на старата железничка станица во Скопје која недостасува.

Во конкуренција од 222 проекти од 51 земја-учеснички, меѓународното жири доделило три награди и три пофалници за најкреативните проекти, меѓу кои влегува и проектот на тимот – студенти.

izgledi 1

Проектот ги оптегнува едни од најосетливите теми во распон од 50 години, не само во архитектонска смисла, туку и општествена. Базата на која е изградена инсталацијата е обидот да максимално се воздигне времето по кое се гледа носталгично секојдневно за да дојде до враќање на делот од целината што фали, и Скопје да продолжи понатаму.

slika 33

Инсталацијата се надоврзува на духот на местото каде светлината има централно место во принципот на дизајнирање, а местото е почетна точка од која ќе се рефлектира дизајнот. Со употреба на конструкција од лед-диоди, Ab Aeterno ( From Time Immemorial ) инсталацијата оформува спиритуална врска меѓу два временски периоди разделени повеќе од една половина век.

slika 22

Со оглед на тоа дека старата железничка станица во Скопје стои парцијално, инсталацијата ја ревитализира другата половина која што денес недостасува физички, со тоа што креира ново просторно доживување. Во текот на денот ефектот од големата катастрофа на земјотресот од 1963 е се уште видлив, додека за време на ноќта преку нашата инсталација железничката се воздигнува повторно и стои како што стоела пред 52 години.

Ab Aeterno CLUE Competition 1

 

Автор на статија: