Се поставуваат „каријатиди“ на Стоковна куќа „НАМА“ Скопје
03.03.2016 • Информации
Како што напредува рефасадирањето на Стоковната куќа “НАМА“ Скопје, така напредуваат и изненадувањата од овој „проект“. Деновиве се поставуваат монтажни каријатиди, на доградениот трем врз ремек делото на Брезовски. На метална конструкција се монтира фасадата, која треба да го смени архитектонскиот јазик на објектот.
Особено е актуелно исмевањето по социјалните мрежи и web портали, во однос на висината на каријатидите за чие монтирање требаше да се одземе од веќе монтираната фасада.
Каријатидите се познати од античкиот период, а имале силна естетска и визуелна вредност. Најбитното за нив е тоа дека биле конструктивен елемент – столб, значи имале функција. За разлика од тие вистински каријатиди, овие се апсолутно „естетски“ и со сомнителен уметнички квалитет.
Објектот „Нама“ е изграден во 1959 година, со авторски став да се надоврзе на постојниот Метропол. За неговите вредности сме говореле во повеќе наврати, и за истите ве потсетуваме на линкот:
14 Април 2015/ Стоковна куќа “НАМА“ Скопје / Славко Брезовски 1959
Автор на статија: marh