Соње Трис / Aлександар Петров 2015

Три предлози за резиденцијален објект

Локација: општина Сопиште / Скопско

Година: 2015

Автор: Aлександар Петров

Соработник: Иван Петрович

Фирма: apet.it

Извор: www.a-pet.it

Следниве три следователни проекти произлегуваат од барањето на инвеститорот ,
со цел да се изнајде најприфатливо решение за нивниот начин на живеење за кој сеуште немаат прецизни идеи.

Три куќи во Сопиште_Александар Петров
Плацот се наоѓа во Општина Сопиште, зона на спонтан зонинг, сеуште недефинирана од
било каков Просторен план. Оваа општина се повеќе станува од интерес на граѓаните
од Скопскиот хаос. Се карактеризира со убава природа, чист воздух, висока надморска
височина и целосна ориентираност према југ (од другата страна на Водно).

10731295_10152552202657736_2010705222_o
Отсуството на било какви урбани правила, ни користи како дополнителна слобода во
изразувањето, каде преку овие три примера сакаме да го изнајдеме најдобриот начин на поставеност. Генерално, со постоечките закоравени правила на домашното просторно планирање , секоја мановра за инветивна архитектура уште на почетокот е осудена на монотоност, повторливост и баналност.

Foto-14-07-14-13-03-57_-3
Вo Скопје не се практикува премногу културата за користење на просторот, поради чија
причина се гради доста грубо и лошо,без да се има минимален сенс за колективната и просторната околина, па дури и кога станува збора за приватен плац.Овој труд и продлабочување преставува токму еден таков обид.

Сите три решенија се стремат, преку еднокатен израз да искомуницираат типолошки манири преку чија архитектура би се исфорсирал поеластичен животен тек. Во сите три правци се бара најдобар начин на заштита на природната топографија на теренот и пред се искористеност на бенефитот од руралното опкружување.

Концепт Таласна Должина:

00_versione_A_-pozicija_500_

Првото решение,крстено Таласна должина (по песната на леб и сол) се поставува надолжно ,со цел да го искористи капацитетот долж парцелата и преку закршени дворски плочи да се одржи природниот тек на земјиштето.Со тоа како и во другите три решениа би се заштитило земјиштето од уништување со потпорните зидови и со тоа девалвирање на природното добро. Не му се дава значење на влезот, бидејќи поставеноста се потенцира преку внатрешната организација, од каде се создава разиграност на визури преку благите висински коти кои ја следат куќата. Јачината на теренската искршливост се изразува и преку базенот каде се ствара живописен водопад кој ја дополнува проектантската врелина.

01_versione_A_-pozicija_200_

Sonje-_Var_A_assonometria-wb

02_versione_A_-prizemje_100_

03_versione_A_-nadolzen_200_aa

01render_1

Концепт Палуба:

00_versione_B_-pozicija_500
Второто решение (Палуба) повторно се обидува да ја заштити топографијата, во случајов издигнувајќи ја куќата преку подземен подрум на висина на влезот, изразувајќи ја на тој начин типолошката батерија во однос на косиот природен пад. Во оваа варијанта се нагласува поголемата затвореност и приватност на внатрешноста од надворешноста, каде ноќната зона преставува еден вид на физичка граница. Прегратка во затечената природна целина. Дневната зона се наоѓа на јужната ивица и дополнително се проширува преку затворена тераса која доминира со пејсажот. Страничноста на базенот дополнително го акцентира тоа.

01_versione_B_-pozicija_200_Sonje-_Var_B_assonometria-wb02_versione_B_-prizemje_100_03_versione_B_-nadolzen_200_

02

var_2

Концепт Зајди Зајди:

00_versione_C_-pozicija_500_
Третото решение со назив „Зајди Зајди” и е поистоветено со традиционалната македонска песна која исто така и во слуцајов го опејува зивописниот предел каде би се поставила куќата. Затоа ова решение е покомпактно поставено и концентрирано во постоечкиот природен пад. Кривуљакот на плочата го следи заоѓањето на сонцето од исток према запад организирајќи ја внатрешната разиграност на функционалната содржина.

01_versione_C_-pozicija_200_

02_versione_C_-prizemje_100_

 

Sonje-_Var_C_assonometria-wb

var_03

 

Автор на статија: