Црква Свети Великомаченик Ѓеорѓиј – Старо Нагоричане / XIV век

Година : 1313

Ктитор: Цар Милутин

Локација: Старо Нагоричане, Кумановско

Фрескоживопис: Михаило и Ефтихиј

Извор: Википедија; http://staronagoricane.blogspot.mk/, http://koe.mk/; Воислав Ј. Ђуриђ, Византијске фреске у Југославији, Белград 1974; Споменици на Културата во Македонија, Скопје 1980; Уметничкото богатство на македонија, Скопје 1984; Македонија културно наследство, Скопје 1995.

Техничка документација: проект по предметот Внатрешна Архитектура 1, семестар 7 – 2015/2016, при АФС. Студенти: Ацевска Сара, Богеска Кристина, Божин Сара, Гелманова Марија, Грковска Ана, Домазетовска Снежана, Јонузи Мухамед, Каевска Јана, Максимовска Маријана, Мартулкова Анета, Мирчевска Симона, Валмира Максути, Нешиќ Саше, Николиќ Матеја, Овезовски Борјан, Петровска Сара, Ристовски Иван, Фејза Валбона, Цоневска Тијана, Чаусидис Ноеми, Етхеми Амар, Јоловиќ Драгана, Спахиќ Митхад, Љајиќ Мухамед, Хамидович Енес, Демил Машовиќ, Елмедина Салахи, под менторство на: проф. Митко Хаџи Пуља, Бетим Зеќири и Павел Вељаноски
02

Денешната црква е подигната врз базиликален храм од 11 век, за чија изградба дознаваме во житијата на Прохор Пчински, кој тука го започнал својот испоснички живот. Од овој најстар објект се останати само фасадните ѕидови, градени од делкан камен, високи 4 – 5 м, врз кои ќе биде доградена втората фаза на објектот.
03 -
Три века подоцна црквата ја обновува цар Милутин, правејќи од неа храм со основа во вид на комплексен впишан крст со интегриран нартекс. Градбата е покриена со пет куполи, карактеристично за црквите на овој владетел, што е интересно решение од градителски, композициски и симболички аспект. Во централниот дел се наоѓа главната осмоаголна купола, придружена со уште четири, поставени над аглите.
04 05
На фасадите јасно се разликуваат двете градителски фази и тоа според материјалот, колоритот и пластичноста. Долните делови се изѕидани од делкани камења, кои во втората фаза, во горните партии биле довршени во опус од камен и тула, декорирани со богата керамопластика на куполите, тамбурите и апсидите, како и околу прозорците.06

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Необично издолжената основа на градбата и особено необичниот нартекст интегриран во наосот, се резултат на адаптацијата на поновата крстообразна црква во планот на постојната базилика.
Извишеноста на градбата и високо поставените светлосни отвори предизвикуваат силен контраст во внатрешната атмосфера и тоа помеѓу темниот долен дел и силно осветлените горни партии.

08 09

Ѕидните површини се целосно иссликани со фрески од познатите зографи Михајло и Ефтихиј, кои царот Милутин ги најмува за неколку свои цркви низ регионот. Во изведбата ја забележуваме нивната карактеристична наративност, колоритност, динамика и стремеж кон диференцирање на ликовите, што престставува значаен напредок во фрескосликарството од 14-от век.

10

11

12

Во внатрешноста е зачуван и автентичниот иконостас изработен од камени столбови, плочи и архитравна греда, на кој мајсторите ги имаат изведено единствените примери на фреско-икони во Макеоднија. Столбовите од олтарската преграда завршуваат во капители декорирани со растителни мотиви, што се смета за романичко обележје кое на овие територии се појавува како резултат на западните влијанија.

13

14

Материјалот го приложи и обработи: Ноеми Чаусидис

Автор на статија: