Ќе се отстрануваат „галиите“ од Вардар

Според МАКФАКС,   градоначалникот Саша Богдановиќ (општина Центар) изјавил дека процедурата за решавање на проблемот со галиите е во тек. Веќе изградените се третирани до сега како  урбана опрема што е сериозна злоупотреба на намената. Постоечките три, заедно со нереализираните две ќе бидат избришани од урбанистичкиот план на „Мал Ринг“, по што ќе се започне со иницијатива за дислокација.

„Вечер“

Покрај овој план, на четвртата седница биле отфрлени и други три плана, за кои советниците сметале дека се спорни. Целта на општината е да ги ревидира или да донесе целосно нови урбанистички планови по сите законски норми.

Извор >>>

 

 

 

Автор на статија:

/ / /