Ќе се руши скопскиот саем?
12.10.2017 • Информации
Страната Skopjeinfo пренесува информација за возможно рушење на халите на скопскиот саем, кои биле продадени од страна на досегашните сопственици, словенечката групација ЕРА.
„Имотот на Скопски саем бил заложен во НЛБ Тутунска банка и во Комерцијална банка, кои долгот си го наплатиле со продажба на фирмата Кардфинанс од Бугарија за сума од 16 милиони евра.
На овој простор новиот сопственик планира да изгради голем трговски центар и повеќе деловно-станбени објекти.“
Оваа вест не загрижува уште повеќе бидејќи се работи за комплекс од државно и регионално значење. Она што зачудува е како општината може да си дозволи да го предвиди и овозможи истото со урбанистичките планови? Оставаме целосен впечаток на општество кое е безусловно отворено за приватните инвеститори – општество без стандарди, насоки и систем на вредности.
Според урбанистичкиот план за оваа локација исцртана е површина за градба која излегува од контурите на халите, со што се овозможува да се делува според желбата на инвеститорот ( предвидена катност П+4)
Покрај постоечките хали, ЕРА најавуваше изградба на слични содржини години наназад, за што постои голема неизградена површина. Зошто покрај неа е дозволено да се узурпира саемот и воедно да се изгуби неговата функција, што е незамисливо за главен град во кој циркулираат повеќе од 700.000 жители?
Саемот е дело на архитектите Благоја Мицевски, Славко Гуриќ, Димитар Димитров и Живко Гелевски, парцијално изграден 1970-72 година (Македонијапроект).
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski