120 години ИЛИНДЕН

 

Денес Македонија го празнува денот на Илинденското Востание, кое било кренато на 2ви август 1903 година против Османлиското ропство. Ова е третото востание по Разловечкото во 1876 и Кресненското во 1878 година, кое оставило длабока трага во македонската борба за сопствена современа држава. Од тој период тлее непокорот кој резултира со конечно ослободување на дел од Македонија и создавање на македонската република преку отпорот против фашистичкиот бугарски окупатор. Неслучајно и со историска трезвеност се одбира повторно датумот 2ри август, овојпат 1944 година за оддржување на Првото заседание на АСНОМ, во манастирот „Св. Прохор Пчински“.За двата настани, македонската држава има подигнато спомен одбележја и меморијални центри.

 

 

Најзначајниот од нив е Македониумот во Крушево, кој бил откриен на 2 август 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание. Споменикот е архитектонско-уметничко ремек дело  на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска,  означувајќи ја  непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Пелинце е меморијалниот центар кој го одбележува Првото заседание на АСНОМ, додека неговата изградба резултираше по отпорот на Српската православна црква која не дозволуваше на македонската делегација да го чествува овој значаен датум во манастирот „Св. Прохор Пчински“.

 

 

Пелинце е подигнат во 2004 година според проектот на архитектот Георги Константиновски, додека мозаиците се дело на Рубенс Корубин и Илија Пенушлиски.

Честит и вековит нека е споменот за ИЛИНДЕН!

Насловно фото: Јурмовски, Конески ( од збирка разгледници „Македонска споменична архитектура“)

Фотографии од Македониум: Конески 2023

 

 

За оваа тема архивата на МАРХ поседува повеќе објави, истите можете да ги погледнете тука  >>>  

МАКЕДОНИУМ / Јурмовски

„Види Вака“ за МАКЕДОНИУМОТ

Illusion in Ruins / Фотогалерија на Ксиао Јанг (Xiao Yang Photography)

Честит Илинден!

Македонската споменична архитектура во улога на сценографија

Анимирани објекти/ Илиевски

МАКЕДОНСКА СПОМЕНИЧНА АРХИТЕКТУРА 1

Промоција на книга „МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното“ Јане Чаловски и Христина Иваноска

„Пелинце“ / Константиновски