18 април – Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Здружение – Национален комитет на Меѓународниот Совет за споменици и локалитети – ИКОМОС во Македонија Скопје

 Association – National Committee of the International Council on Monuments and Sites – ICOMOS in Macedonia Skopje

 

Соопштение до јавноста

 

18 април – Меѓународен ден на спомениците и локалитетите

Почитувани претставници на печатените и електронските медиуми,

 

Меѓународниот совет на споменици и локалитети (ИКОМОС) на 18 април во целиот свет го одбележува Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите, востановен во 1982 година. Секоја година овој ден е посветен на посебна тема поврзана со културното наследство, а оваа 2021 година тоа е „Комплексно минато: разновидна иднина“. Во средиштето на оваа тема е покренување на дискусија и критичко испитување на минатото преку зачувувањето на културното наследство, поттикнувајќи негово согледување и презентирање од различни гледишта и непристрасност при неговото толкување. ИКОМОС сака да промовира нови дискурси, различни и нијансирани пристапи кон постојните историски наративи, поддржувајќи инклузивност. Тоа се пред сè осврти кон споменици и/или локалитети кои биле намерно разрушувани, споменици на опресија и угнетување, како и третманот на домородните населенија и нивното наследство, нагласувајќи ја повеќеслојноста на историјата и наследството и нивното различно значење за различни заедници.

Во овој контекст, Националниот комитет ИКОМОС Македонија, кој е еден од 107-те вакви комитети на глобално ниво на ИКОМОС, организира посебна активност во вид на кратка интерактивна анкета со следбениците на профилите на НК ИКОМОС Македонија на социјалните мрежи Facebook, LinkedIn, Twitter и Instagram со цел да отвориме дискусија и размена на мислења и ставови околу темата „Комплексно минато: разновидна иднина“. Ги покануваме за учество сите наши следбеници и целата јавност која би сакала да ни се придружи во оваа наша активност, надевајќи се на плодна, конструктивна и разновидна дискусија.

Анкетата ќе се одвива на 15 и 16 април, а резултатите ќе бидат споделени со јавноста на 18 април.

Линкови до профилите на социјалните мрежи на НК ИКОМОС Македонија:


www.facebook.com/ICOMOSMacedonia

www.instagram.com/icomos_macedonia

www.linkedin.com/company/icomos-macedonia

twitter.com/IcomosMacedonia

 

Ви благодариме на соработката. Со почит,

Национален комитет –  ИКОМОС Македонија