58 години од 5:17

Пред 58 години, во 5:17 се случи скопската трагедија, градот го погоди  земјотрес со јачина од 6,1Mw. Земјотресот однесе повеќе од 1000 животи, повреди повеќе од 4000 луѓе, остави без дом повеќе од  150.000 жители на градот.

 

zemjotres1

 

Во пепелта изгубивме 80 % од градот,  го загубивме таканареченото „Старо Скопје”. Градот и после половина век живее со лузните на земјотресот, со траги и носталгија кои на моменти излегоа од контрола креирајќи романтизам во чувствата и идејата за новите објекти низ Скопје.

 

zemjotres skopje

image

zemjotresot-63-godina-vo-skopje-520x292

 

На 26 јули 1963 година  Скопје беше разурнато од земјотрес од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала) кој траел 20 секунди, а помали потреси имало до пет часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000.

 

skopje-zemjotres-1963-niz-objektivot-na-life-1278

 

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

 

skopska katastrofa

 

Во Скопје, за првпат во времето на Студената војна меѓу капиталистичкиот запад и комунистичкиот исток, се сретнале американски и советски воени сили кои заеднички им помагале на скопјаните.

 

amerikanska pomosh za skopje

image004

 

Непосредно по земјотресот, претседателот на СФРЈ, Јосип Броз – Тито, изјавил:

 

Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

Old_Skopje_Train_Station

 

Овие букви беа изработени во метал и поставени  на старата железничка станица како меморијал за солидарноста во изградбата на пост-земјотресно Скопје, но беа тргнати од страна на владеачката партија во 2011 година, веројатно поради идеолошки мотиви.

Денес повторно се вратени меѓутоа во друг материјал и фонт различен од оригиналната порака.

 

foto-skopje-zemjotres1

 

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Во спомен на загинатите, секоја година на градските гробишта Бутел, се положува цвеќе на паметникот, во спомен на загубените животи во катастрофата.

 

20150726_100950

 

20150726_094621

 

20150726_094849

 

20150726_100123

20150726_103050

 

20150726_094425

 

20150726_095646

 

По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге, Циборовски, Доксијадис и домашните експерти. Но и после половина век  не успеавме да ја реализираме до крај идејата за градот на иднината и модерното Скопје. Денес веќе ги губиме локациите кои со децении ја чекаа својата реализација.

Во продолжение  фотогалерија од градот кој го загубивме во пепелта:

 

Старото скопје

 

старото скопје с

 

Skopje-bul-makedonija

 

Старо Скопје

 

staro-skopje-4

 

Извор: wikipedia, македонски форуми, портали, лични извори

Постер: Филип Конески / 2013 год. ( оригинално 50 години од 5:17) адаптација

 

Автор на статија:

/ / /