6 финалисти од конкурсот за Концертна сала на Белградската филхармонија

Конкурс, конкурс… и повторно КОНКУРС…

Ова го повторуваме непрестајно како заклучок за секоја професионална македонска сага во полето на архитектурата и урбанизмот. Конкурсот треба да биде основа за решавање на големите потези и интервенции низ македонските градови. Повеќе од деценија неуморно се натегаме на оваа тема со државните и локалните власти дека „Големата идеја“ за себе не доаѓа од длабочината на џебот туку од сопствената визија.

Многу пати сме говореле, веројатно и уште долго ќе говориме за пропуштената можност на Скопје и Македонија, изминатите 15 години да стане архитектонска Мека на Југоисточна Европа, а со тоа и да се надоврзи достојно на сопствената космополитност по земјотресот.

 

Но, што се случува во соседството на оваа тема?!

 

Со цел да одговориме на поставеното прашање, во соработка со порталот gradnja.rs, пренесуваме материјал од две објави на Драган Марковиќ:

 

* * * * *

 

Во Србија беше распишан меѓународен конкурс во соработка со UNDP за идејно архитектонско решение за нов дом на Белградската филхармонија. На конкурсот пристигнале 37 авторски решенија. Во финалето (второстепен конкурс) влегуваат 8 решенија на светски етаблирани студија, од кои ви презентираме 6, меѓу кои и победничкиот:

 

  • Bevk Perović Arhitekti
  • Diller Scofidio
  • Estudio Lamela
  • MVRDV
  • Snøhetta
  • Amanda Levit Architects

 

Во објавата на gradnja.rs  се приложени делови од предлозите на големите студија. Да ги погледнеме:

 

  1. Bevk Perović Arhitekti (Словенија)

 

Познатото словенечко биро, кое стои зад проектот Ателје од соништата  на Ѓорѓе Балашевиќ во Нови Сад, предлага разиграно решение кое се состои од повеќе концентрични цилиндри налик на лого решението на Олимпијските игри. Мотиов на кругот, по принципот на целосен дизајн (total design). Користен е за објектот на филхармонијата, концертната сала и организацијата на партерот.

Иако на прв поглед атрактивен, во овој труд не се препознава јасната врска помеѓу предложеното решение и локалниот контекст, што не значи дека тој не постои. Цилиндричните волумени наликуваат на силоси и објекти со индустриска намента многу повеќе отколку на објект од културата.

 

 

2. Diller Scofidio (САД)

 

Познатото америчко студио кое стои зад проектот High Line и многу други иконични архитектонски остварувања, за концертната сала на Белградската филхармонија предлага објект со сложена геометрија.  Во основа, зградата се состои од повеќе основни целини околу кои се објавува непрекината линија на движења која ја прави континуланта врска помеѓу теренот и објектот, внатрешниот и надворешниот простор.

Во материјализацијата на објектот преовладува дрво, бетон и стакло, а може да се препознае и извесна нота на параметричко моделирање кое следи мотиви на архитектура на готска катедрала. Иако спектакуларно, може да се каже дека предложеното решение за предметната локација и намена не е соодветно.

 

 

3. Estudio Lamela ( Шпанија)

 

 

Познатото светско студио предложува концертна сала во форма на издолжена ламела која ќе направи Филхрамонијата барем делумно да се вклопи во контекстот на матрицата на централната зона на Нов Белград и соседниот Блок 23. Објектот следи правоаголен растер на уличната мрежа и потполно е ненаметлив со својата појавност.

 

 

Поред самата зграда се предложува и пратечко парковско уредување, но и систем на платформа и пристапни патеки преку кои се влегува во објектот. Меѓутоа се поставува прашањето дали подигнувањето на влезот и пешачката комуникација на ниво на неколку ката над земја е оправдано решение.

 

 

4. MVRDV (Холандија)

 

 

Холандското биро MVRDV  предложува идејно решение на Концертна сака во форма на јасен кубичен волумен со модуларен растер. за разлика од монотониот екстериер, архитектите во ентериерот предложуваат богато украсување и текстура, додека декорацијата се наоѓа на самата граница со кичот.

 

 

Освен партерот,  се предложува и активирање на кровот кој е замислен како отворен градски плоштад, а каков му недостасува на Нов Белград. Како и сите свои проекти, архитектите на MVRDV балансираат на тенката граница помеѓу баналноста и атрактивноста.

 

 

5. Snøhetta ( Норвешка)

 

 

Студиото кое се стекна со светската слава со проектот на Операта во Осло, Концертната сала на Белградската филхармонија го конципира како издигната топографија на  теренот. Кровот е замислен како богато озеленет парк, на кој врв се овозможува поглед кон Калемегдан и вливот на Сава во Дунав.

 

 

Се предложува и можноста за организација на концерти на отворено, додека во организацијата на објектот централно место земаат два атриума. Издигнувањето на партерот во форма на вештачкиот терен секако би била атракција помеѓу новобелградските блокови.

 

 

6. Amanda Levit Architects (Англија) –  победнички конкурсен труд

 

 

„Експресивната форма на објектот говори за  музичкото движење. Материјалност на овој покров ќе создаде ефект на бранување кое постојано го одржува шарената вода на реката Дунав, формирајќи пејсаж кој се менува со промената на годишните времиња најавувајќи еден нов споменик на културата“ – ќе речат авторите за својот концепт.

AL_A го предводи меѓународниот тим кој вклучува пејсажна проектантска фирма VDLA (Van Dyke Landscape Architects, Inc.), португалска инженерска фирма  AFA Consult  и локалното београдско студио ZABRISKIE, додека  ARUP го зазема местото и улогата во доменот на акустичниот дизајн.

Победничкиот проект за Концертната сала на Белградската филхармонија се состои од четири главни просторни целини: голема сала за концерти, сала за рецитали, креативен центад и подиум – секој со сопствен карактер, славејќи различен музички жанр, привлекувајќи различна публика и предизвикувајќи различни активности.

 

 

Овие четири просторни целини го заокружуваат друштвениот простор кој е срцето на Концертна сала на Белградската Филхармонија, со заеднички помошни простории сместени под новосоздадениот градски плоштад.

 

 

Преку вака уредениот простор создадена е зграда без предна и задна страна, што резултира со една архитектонска панорама.

Објектот и новата внатрешност заеднички креираат друштвен простор под единствена надстрешница која се простира во континуитет.

 

 

Со повеќе простори за изведба, одржување проба и креативна работа, вклучувајќи ја и симфониската концертна сала со 1600 места, оваа дворана е прва по својата врста на  Балканот, меѓународно призната платформа за музичка изведба од светска класа која ќе допринесе во друштвениот и културниот развој на Србија.