Скопје се сеќава – 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денес се сеќава на големото катастрофално разурнување кое се случи пред 62 години. На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата. Со само траење од 20 секунди, првиот и најсилниот потрес, разрушува 65% од градските структури.

Поради неговата јачина во Скопје до темел биле урнати 15.800 станови, двојно повеќе биле оштетени, а повеќе од 200.000 луѓе останале без покрив над главата. Во катастрофата над 1000 жители ги губат животите, а бројот на повредени е три пати поголем.

 

 

 

Несомнено, овој настан оставил големи траги во колективната меморија, сеќавањето за земјотресот и ден денес служи како трагичен потсетник за силата на заедницата и човечкиот дух наспроти неволјите. Развојот на силното чувство на заедништво, дисциплина и напор биле клучните моменти за стабилизација по катастрофата.

Градот и после половина век живее со споменот на земјотресот, со траги и носталгија кои во друга крајност создаваат романтизам за еден град и подобро место за живеење.

Скопје во тоа време е пример не само за светската историја на архитектура, туку и за солидарноста како концепт на општествена организација и колективна работа.

 

 

Исчезнале симболите на Скопје – Стариот театар, Домот на армијата, зградата на Народна банка, хотелот „Македонија“ бил срамнет со земја, урнат бил и поголемиот дел од железничката станица подигната во 1938 година.

Катастрофалната обрушеност на историското градско ткиво креира шанса за првата детална модернизација на Скопје. Обновата и понатамошниот развој на градот се одвиваат според југословенските стандарди на градење, кои значителнот го подобруваат стандардот на живеење во однос на предземјотресниот период.

Со самата опсервација која била направена после земјотресот било констатирано дека за да се направи нов план, треба аргументирано да се надогради стариот во контекст на времето во кое живееме. Со генералниот план од 1965 година се планирало Скопје да се развива интегрирано како целина, елементите на планот претставуваат основа за современите размислувања и моменти на иновативност.

 

Деветта варијанта на планот за целнтралното градско подрачје – детал од макета, Републички плоштад, Градска порта и Транспортниот центар (Skopje resurgent, 1970, p. 323)

 

Пред земјотресот несомнено е дека во Скопје се живеел модерен и среќен живот и за тоа ни сведочат градбите кои денес се симболи на старо Скопје и не се урнати во земјотресот:  Кино „Култура“, Ристиќева палата, Палата Рубен, Арапска куќа /Хотел „Јадран“, Дом „Ибни Пајко“, Собрание на Р. Македонија, Градска болница, Архитектонски и Градежен факултет, Министерство за култура, Хотел „Холидеј Ин“, Метропол,  и др.

И како што кажал дописник од Скопје за дневен весник, утрото после земјотресот: „Скопје се буди, на улиците на срушениот град, денес се забележани првите знаци на живот. Да, да… знаци на живот“ – Се создава нишка на нова надеж, дека Скопје може одново, дека со сплотеност и посветеност Скопје може одново да стане модерен град, но останува загубен идеал за еден град.

 

 

Извадок од документарниот филм „Skoplje ’63“ (www.youtube.com)

Автор на статија:

/