99FILES / Интернационална изложба
21.06.2018 • Информации
#SKOPJEbrutalism
Лабораторијата Landscape_inProgress при Универзитетот Медитеранеа го презентира проектот 99FILES, проект за бруталистичкото архитектонско наследство во Скопје.
99FILES е поддржано од Медитеранеа Универзитетот во Реџо Калабрија, Италјанската Амбасада во Скопје, Музејот на Современа уметност во Скопје, Архитеконскиот факултет во Скопје, Општина Центар со медиумска поддршка од АБИТАРЕ.
Интенцијата на иницијативата е да стимулира поинакво гледање на ова наследство, ослободувајќи го од негативната конотација, производ на идеолошките остатоци, со тенденција да трасира различни интерпретативни насоки на една значајна фаза од развојот на архитектонската мисла.
Градовите од балканскиот регион претставуваат значаен ресурс за истражување, преку нови визии, способи да ја препознаат улогата на оваа архитектонска продукција којашто претставува последна урбана утопија од XX век.
Иницијативата конструира Дигитален Архив http://landscapeinprogress.unirc.it/, колекција на цртежи, фотографии, видеа и текстови изработени од поканети и селектирани учесници.
Материјалите ќе бидат изложени во МСУ-Музеј на Современа Уметност во Скопје од 22Јуни до 13ти Јули под кураторство на Марина Торнатора, Отавио Амаро, Благоја Бајковски, Алесандро Де Лука, Лучија Ла Џуса.
ОТВАРАЊЕ
22.06.2018
19:00
МСУ_Музеј на Современа Уметност
Автор на статија: marh
99 / files / inProgress / Landscape / Интернационална изложба