Реконструкција на скали во Жданец/ Василевски
29.01.2018 • Урбана опрема
Автор: Игор Василевски
Година: 2017
Локација: Жданец, Скопје
Основниот проект за реконструкција на скалите во Жданец е лично авторско дело и претставува естетски и архитектонски одговор на барањата на жителите на Општина Карпош. Станува збор за еден дел во населбата Жданец кој со децении е запуштен а со тоа и деградиран во неговата основна функција.
По извршениот увид и анализи авторот констатирал дека е неопходна суштинска реконструкција но и збогатување и разубавување на содржините во овој дел од Жданец. Заради тоа во проектот се проектирани комплетно нови скалила изведени од антиклизен и пескарен гранит, комплетно нова заштитна ограда, ново електрично осветлување изведено со штедливи ЛЕД светилки како и 18 нови жардиниери поставени во седум различни вертикални позиции со 4000 цветни садници. Тука секако треба да наброиме и поставување на комплетно нова урбана опрема изведена во модерни материјали и современ изглед како и поставување на нова инфо табла.
Реконструкцијата се однесува на површина од 2000м2 односно целата скалишна површина дополнета со жардиниерите како нов хортикултурен и естетски елемент во аранжманот на овој дел од Жданец.
Игор Василевски е добитник на низа награди и конкурси и автор на сите архитектонски и креативни проекти работени во Општина Карпош во изминативе пет години од кои најзначајни се:
Плоштад Млечен Ресторан
Плоштад Делфина Влае
Плоштад Педагошка Академија
Плоштад Карпош 3
Плоштад Бардовци
Реконструкција на сите основни училишта во Општина Карпош
Реконструкција на градинки во Општина Капрош
Реконструкција и естески изглед на фасадите во Општина Карпош
Дизајнер е на новата урбана опрема во Општина Карпош
Ф.К
Автор на статија: Filip Koneski
Жданец / Карпош / Скали / Скопје / урбана опрема