Пасивно-соларни куќи во Визмар, Германија/ Ивана Ангелова

Истражувачки проект за пасивно-соларни куќи во Визмар, Германија

Автор: Ивана Ангелова

Година: 2012

Ментoр: проф. др  Детлев Герих

Контакт: www.behance.net/ivanangelova

Овој проект е работен 3 месеци на факултетот за градежништво, на катедрата за самоодржливост, во Визмар, како дел од студентската пракса на Ивана Ангелова во 2012 година. При техничка анализа на проектот е користен Autodesk Ecotect Analysis – софтвер за дизајн на самодержливи објекти.

1

Идејата е да се изнајде нов модел, прототип на индивидуално домување, кој ќе одговори на потребите на современиот човек. Притоа овој модел се стреми кон тоа да има нула нето потрошувачка енергија иако во временски услови како на оваа локација тоа се сведува на отпимална потрошувачка на енергија која нуди максимална ефикасност на објектот.

0

Локацијата е близу до градот но надвор од него, обиколена со прекрасна природа и полиња со обработлива почва каде населбата би можела да се развива во иднина и да прерасне во една урана агрикултурна заедница. Временските услови -ладни и долги зими и умерени лета, поставеноста на локацијата -ружа на ветрови и сончеви анализи, како и следењето на LEED стандардите за енергетска ефикасност во архитектурата, беа пресудни за дизајнот.

3

4

Користени се префабрицирани локални материјали со јака изолација, што ги прават објектите модуларни и лесни за изградба. Главниот концепт е куќа во куќа, каде што единицата за живеење е поклопена од заштитната обвивка која нуди сличен ефект на ”стаклена градина”. Зоната помеѓу овие два волумени е главна за придонесот на одличните одржливи капацитети на куќата.

55b

Се јавуваат две типологии на објекти, а пет различни распореди на ентериерот во нив. Едниот тип претставува две индивидуални куќи под еден ”покрив” кои делат заеднички меѓу-простор, а другиот тип е самостојна куќа со иста ширина и висина која се покажува како најефикасна при зачувувањето на енергија.

5b2

Model

Анализите за загуба и заштеда на топлинска енергија се изработени со помош на професорот м-р. Детлев Герих според кои дизајнот се покажа како успешен пример на самоодржливи пасивни објекти.

Model

Model

9

10

11

Model

12

13

11659054_10153428223796499_1849343380_o

11660241_10153428224046499_489738104_o

18

17

Автор на статија: