100 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА АРХИТЕКТОТ СЛАВКО БРЕЗОСКИ“

Дата: 26 мај 2022 година,

Локација: Културно информативен центар – Скопје, Империјал I и II

Време: 20 часот

Извор >>>

 

Славко Брезоски е припадник на првата повоена генерација македонски архитекти. Присуството на оваа генерација ќе биде одбележано под знакот на „модерната“ и нејзиниот реформаторски јазик што ќе се прифати и одржи во децениите што ќе следат.

 

Славко Брезоски

 

Неговиот архитектонски опус го сочинуваат многубројни проекти и реализации со широк програмски дијапазон и препознатлив архитектонски израз. Успешно учествува на многубројни јавни домашни и меѓународни конкурси на кои освојува врвни награди. Притоа важно е да се истакне дека повеќето од конкурсните проекти биле прифатени за реализирање, со што Брезоски постигнува и меѓународна афирмација.

 

 

Меѓу позначајните објекти се издвојуваат Стоковната куќа во Скопје, Комунално-Комерцијалната банка во Скопје, Амбасадата на СФРЈ во Бразилија, Спомен Шамарица во Хрватска, Архиепископскиот Соборен Храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, како и зградата на Работнички дом во Скопје во чии рамки се наоѓа и Културно информативниот центар – Скопје.

 

Стоковна куќа  во Скопје

 

Токму тука, во Културно информативниот центар – Скопје, ќе биде поставена изложбата по повод 100 години од неговото раѓање, што за нас претставува посебна гордост. Оваа изложба се поклопува и со јубуилеот 55 години Културно информативен центар – Скопје, кој го одбележуваме оваа година.

 

Соборен храм во Скопје