Музеј на југословенската кинотека во Белград / Васев

Инвеститор: Европска инвестициона банка

Коинвеститор: NIP и Министерство за култура на Р. Србија

Година: 2012

Проектант: Светлост театар ( Рајко Мариќ) /ентериер – Павле Васев / Опрема:   “Arhi pro”

Изведувач: Градина д.о.о Земун, Белград

Локација: Ул. Узун Мирков 1, Белград

Вкупна површина: 4.700m2

Фотографии: https://www.congress-saee.com/lokacija/

Извор/ текстwww.gradjevinarstvo.rs

 

Архитектот Павле Васев е „режисерот“ на ентериерот на зградата на Југословенската кинотека. Иако објектот е многу постар, потребата за негово реновирање се појавила пред една деценија.  Домашните српски архитекти не го прифаќале предизвикот за мал буџет да работат на така сериозна задача, додека Васев ,кој веќе одамна живеел на релација Белград – Торонто, одговорил позитивно.

 

 

 

За овој проект Васев ја добива и наградата, која ја доделува Sent-Goben во Лондон, во конкуренција на 66 проекти од 30 земји, со која се здобиваат и светските реномирани имиња како Норман Фостер, Заха Хадид, Сантјаго Калатрава  и други.

 

 

Архитектот Павле предложил на одговорните од Кинотеката, да се вложат во ентериерот на приземјето и првиот кат, додека останатиот простор само да го санираат и молерисаат во бела боја, достигнувајќи го нивото на пристојност. На ова укажување, наишол на одобрување, прифаќајќи го предизвикот да работи без надокнада со цел поголем буџет за реализација.

Дека проектот претставувал и повеќе од предизвик, докажува фактот дека работата траела цели 4 години. Постоечкиот објект бил трансформиран според архитектонскиот проект за реконструкција и адаптација на архитект Рајко Марич, додека Васев ја прави врската со внатрешноста. Меѓудругото тој ќе истакне: „ Кога работите на еден ваков објект кој е од национално значење, архитектот мора да се одрече од својата доминација, претенциозност и потребата од личен печат, и да го пушти објектот сам да проговори. Тоа е категорија на објект чиј ентериер мора да трае, да ги надживее трендовите и затоа се потрудив да биде сведен на ниво да не боде ничии очи“

Водејќи се од девизата „ помалку е повеќе“, Васев успеал да претвори еден запуштен простор во некогашна функција на конак, повеќе пати доградуван и преградуван, во палата на седмата уметност. Линијата на ненаметливиот ентериер се прави, боите дискретни. Проектот ја пробудува емпатијата на корисници каде внатрешноста е доживеана како големи организми кои апсорбираат, произведуваати преносуваат, емитираат енергија: звук, светлина, топлина… Тие не смеат да не остават рамнодушни, туку да ја потикнат љубопитноста и емоцијата.

Текстот е парафразиран и пренесен во слободна форма од изворот >>>