“ТИГРИ„ – моќта на тимот, изложба посветена на авторите на МСУ
16.12.2014 • Информации
Во текот на месец декември, посетете ја изложбата “Варшавските тигри, Моќта на тимот”, во Музејот на современа уметност во Скопје. Претставена е заедничката работа на трите полски архитекти: Kłyszewski, Mokrzyński и Wierzbicki, кои се авторите на објектот на МСУ (Музеј на современа уметност). Изложбата покажува девет проекти и објекти, со посебен фокус на Музејот на современа уметност како уметничко дело сам по себе, како и приказната за неговата реализација.
Во проектот и неговата реализација учествуваа: Амбасадата на Полска во Р.М, Министерството за култура на Р.М, Министерството за култура и национално богатсво на Полска, град Скопје, Culture.pl , ZAIKS, Serious Interests Agency (SIA), итн.
Дизајнот на архитектонскиот дел од изложбата е на Даниел Серафимовски, додека графичкиот дизајн е на Нада Прља ( SIA)
фотографија Милан Џингов
Во моментов полското студио PANATO снима документарен филм за Музејот на современа уметност, кој беше донација од Р. Полска (1966 год.) за Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година .
фотографијата е превземена од официјалната страна на амбасадата на Р. Полска во Р. Македонија
Во прилог ви ја споделуваме и статијата на Okno.mk за јавната реч посветена на отварањето на овој објект од страна на Блаже Конески http://okno.mk/node/29135
Автор на статија: marh