Workplace conference / B2 Solution

Денес во Белград, се оддржа регионална конференција под наслов “Workplace conference” во организација на B2 Solution. Темата на настанот го третираше просторот во кој работиме и во кој  минуваме третина од нашиот живот низ погледот на историјата на дизајнот и иновациите, промената на навиките и потребите.

Собирот беше организиран во одлично пренаменетиот индустриски објект “ Fabrika” каде присуствуваа повеќе од 150 гости меѓу кои архитекти од Македонија и Србија.

Конференцијата беше поделена во 2 дела.

 

 

Во првиот дел основачот на B2 Solution, Горгиевски Венцо го даде воведното обраќање и осврт на значењето на иновацијата во бизнисот, преку хронолошка анализа во изминатите 100 години за развојот на најголемите светски компании.

 

 

Калум Џонсон од реномираната компанија Sedus, оддржа предавање “Работата и градот – Хибридна канцеларија”, во кое низ повеќе дијаграми и анализи ги презентираше различните пристапи кон решавање на предизвиците во работниот простор.

 

 

Ерик Пелтиер говореше на тема “Тишината ја зголемува продуктивноста”. Покрај показателите на различните причинители на бучавост, беа презентирани соодветни детали на кои треба да се внимава во проектирањето на работните канцеларии.

 

 

По кафе паузата во дворот на “Фабрика” настанот продолжи со дебата на која земаа учество локални архитекти од Србија. Дискусијата ги опфати гледиштата за значењето на добрата работна атмосфера преку удобноста на просторот. Внесувањето на елементи од природата, поголемата разновидност на повеќе мини внатрешни атмосфери и делови за индивидуална и колективна работа се веќе сегменти на совемените канцеларии.

 

 

По панел дискусијата, следеше коктел со пригодни закуски, време за вмрежување и запознавање на гостите, кои заминаа со вредносни ваучери  доделени по извлекувањето.

 

Настанот заврши со неформална дружба и споделување на впечатоците од првата конференција од ваков тип.