Здравко Рафаиловски / 1951
08.07.2024 • Автори
Извори: Градителите во Македонија XVIII-XX век – Георги Kонстантиновски; mk.wikipedia.org
Кратка биографија и достигнувања релевантни за развојот и афирмацијата на архитектурата на Здравко Рафаиловски
Здравко Рафаиловски (26.08.1951, Нистрово, Гостиварско) дипломирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје во 1975 година на тема Собрание на град Гостивар кај проф. Борис Чипан.
Веднаш по дипломирањето се вработил во оперативата на Г.П. „Гранит“ во Неготино. Истата година преминал на работа во проектантската организација „Мавровопроект“ на Г.П. „Маврово“ во Скопје. Од 2004 година продолжил да работи во истата организација под ново име „Примаинженеринг“ во Скопје.
Во времето кога се вработил во проектантската организација „Мавровопроект“, таму биле активни реномирани и искусни архитекти од кои можел да учи како се проникнува во тајните на проектирањето. Тој тука се стекнал со солидна подлога оспособен да ја преземе водечката ролја во творечкиот процес на организацијата.
Неговото творештво е разновидно и богато. Покрај бројните проекти реализирани на домашен терен тој се јавува како проектант на значајни објекти и надвор од нашата земја. Проектирал објекти и за СР Југославија, Либија и Русија.
Покрај плодната проектантска активност раководел и со изработката на техничката документација во сите нивоа на проектирањето. Негово омилено хоби е спортот.
Од богатиот опус на неговото творештво, позначајни проекти и реализирани објекти се:
- Станбени објекти К2, К3 и К4 во населбата „Аеродром“ во Скопје – 1977;
- Станбениот објект во населбата „Ново Лисиче“ во Скопје – 1977;
- Станбениот објект „Б-13“ на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје (со арх. Д. П. Костиќ) – 1979;
- Станбено-деловниот комплекс „Карпош IV“ во Скопје (со арх. Д. П. Костиќ) – 1979;
- Клубот на пензионерите во населбата „Драчево“ во Скопје – 1979;
- Деловно-трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје (со арх. Д. П. Костиќ) – 1985;
- Деловно-трговскиот центар „Драчево“ во населбата Драчево, Скопје – 1985;
- Деловно-трговскиот центар „Шехерезада“ во Битола – 1985;
- Салон за чевли „Газела“ во Мостар, Босна и Херцеговина – 1976;
- Управна зграда „Механизација“ на ГП „Маврово“, Скопје – 1978;
- Станбени објекти С1, С2 и С3 во Струмица (со Д. П. Костиќ) – 1978;
- Станбен објект П+2, санација, во Бар, Црна Гора – 1978;
- Станбени објекти КП1, КП2 и КП3 во Крива Паланка (со Д. П. Костиќ) – 1978;
- Станбени објекти во Ново Лисиче, Скопје (со Д. П. Костиќ и М. Митровиќ) – 1981;
- Школски објекти во Мисрата, Либија – 1981;
- Станбени објекти во СУ1 и СУ2 во Сурдулица, Србија (со Д. П. Костиќ) – 1983;
- Народна библиотека во Сурдулица, Србија (со Б. Мандичевски) – 1984;
- Управна зграда „Маврово“ воСочи, Русија – 1989;
- Снек-бар „ИМ Фонтана“ во Деловно-трговски центар „Мавровка“, Скопје – 1992;
- Деловен простор „Тријас“, Скопје – 2000;
- Станбен објект „Импулс“ ул. „Теодосиј Гологанов“, Скопје (со Б. Рафаиловски) – 2003;
- Објект за дестилација на природни плодови „Импулс“, Скопје (со Б. Рафаиловски) – 2004;
- Станбен објект „Импулс“ ул. „Орце Николов“, Скопје (со Б. Рафаиловски) – 2008;
- Станбено-деловен објект „АА2“ ул. „Корушка“, Скопје (со А. Рафаиловска) – 2016.
Конкурси
- 1977 г. — Спомен-дом во Шавник, Црна Гора (откуп)
- 1981 г. — Станбени објекти во Ново Лисиче (прва награда, работа во тим, реализирани)
- 1983 г. — Станбени објекти во Влае (откуп, работа во тим)
- 1984 г. — Станбен објект во Ресен (втора награда)
- 1992 г. — Деловен објект Алумина во Скопје (откуп)
- 1993 г. — Соборна црква во Струмица (работа во тим)
За своите дострели во полето на анонимните архитектонски конкурси и архитектонското проектирање добил повеќе признанија, пофалници и благодарници, како и:
- 1981 г. — Прва награда на конкурс за станбениот комплекс А3-1, н. Ново Лисиче, Скопје
- 1984 г. — Втора награда на конкурс за станбен објект, Ресен
- 1993 г. — Гран при на БИМАС за Деловноо-трговски центар “Мавровка“, Скопје
- 1982 г. — Благодарница од ГРО “Маврово“за повеќегодишно успешно работење
- 2024 г. – Награда за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2023 година од ААМ
Автор на статија: Martina Shteriova
Биографија / градителите во македонија / Здравко Рафаиловски / Македонски архитекти