ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕXPO/БАЗАР ЗОНА НА „10 ГОДИНИ МАРХ“

🎂„10 ГОДИНИ МАРХ-МАКЕДОНСКА АРХИТЕКТУРА“🎂

Платформата МАРХ оваа година го слави својот десетти роденден. Десет години од основањето на единствената македонска веб страна за архивирање и промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност. Целта на МАРХ е да се влијае едукативно, стремејќи се да се покажат домашните вредности кои се скриени или невидливи за јавноста.

По тој повод МАРХ упатува повик до сите компании, студија, здруженија, неформални групи и поединци што се занимаваат со дејност во областа на архитектура, дизајн, продукт дизајн, изработка на архи-сувенири, литература од областа на архитектурата или друга креативна и иновативна дејност, едноставно до сите оние кои се заинтересирани своите производи и дела да ги претстават пред пошироката јавност со цел нивна лична промоција и продажба.

Сите заинтересирани можат да се пријават на martina@marh.mk , најдоцна до 31.10.2024.

 

Начин на пријавување

Сите кандидати при пријавувањето потребно е да испратат фотографии од делата кои сакаат да ги изложат, краток опис за делата, како и нивната дејност.

 

Датум: 23 ноември 2024

Локација на настанот: Public Room – 50 Дивизија 22, Скопје

Рок на пријавување: 31.10.2024

Партиципација за учество: 1200 ден

Бројот на учесници во базарот е лимитиран