Занаетчиски дом _Куманово

Автор: Владимир Антонов

Година: 1930

Локација:  центар на Куманово

Извор: Kumanovo News

Иницијатива за изградбата на овој дом, почнува во 1923 -24 година, кога општината се одлучува да изгради објект кој ќе биде во служба на развој на заетчиството.

zanatski-gradba

Доверба му била дадена на општинскиот инженер (руски емигрант) Владимир Антонов, додека градежните работи-изведбата била доделена на Крсто Јовановски, од кривопаланечко.

Antonov

Темелите се поставени 1930 година, додека свеченото отварање се случува на 21 Ноември 1931 година. Во домот имало дуќани, канцеларии, сали за состаноци, свечена сала итн.  Салата е со висок плафон, од три страни со надвиснати галерии, додека во приземниот дел се дуќаните.  Фасадата е организирана со чисти геометриски форми, исчистени од декоративни завршетоци. Објектот е под влијание на функционализмот и рационализмот, што се гледа во чистото и елегантно решение.

Занаетчиски дом Куманово_Антонов 3

Со текот на времето се додавале и менувале функции. Во еден период тука функционира киното Напредок,  додека денес едиснтвено во функција се просториите на огранокот на Држаниот архив на Македонија.

Занаетчиски дом Куманово_Антонов 2

Како и многу други објекти со архитектонско значење и споменици на културата, така и овој објект се распаѓа пред нашата немоќ. Истиот е познат помеѓу кумновци како Кумановскиот „Нотр Дам“.

Автор на статија: