Амбасада на СФРЈ, Бразилија, Бразил / Брезоски 1962

Објект :  Амбасада на СФРЈ, Бразилија, Бразил
Архитект: Славко Брезоски
Повикан конкурс : 
1960, I награда
Реализација:  1962-1963 година
Извор: 100 години Славко Брезоски, Ретроспективна изложба

Во конкуренција на девет реномирани југословенски тимови (архитектите Равникар, Михевц, Остроговиќ, Иблер, Брашован, Рашица, Бркиќ), Брезоски ја освои првата награда за проектот на амбасадата, а со тоа се придружи на интернационалната елита модернисти, автори за изградба на авенијата на амбасадите на новата престолнина, што требаше да го надмине берлинскиот lnterbau.

Критичарот во Architecture review ќе констатира дека амбасадата на Брезоски „претставува одмерена структура што успешно го презентира бразилскиот стил”. Изборот на Ханс Шарун за проектант на германската амбасада, Питер и Алисон Смитсон на британската, Ле Корбизје на француската, доволно зборува за компетитивноста во архитектонската репрезентација, која е третирана како прашање на национален престиж. Впрочем, високите стандарди во дизајнот се императив во земјата чија „национална” варијанта на модерната се здоби со светска репутација, благодарејќи им на бразилските следбеници на Ле Корбизје, меѓу кои најистакнатиот Оскар Нимаер.

Со поделбата на имотот на Југославија, Република Србија го добива овој објект во кој и денес се наоѓа нивната амбасада.

Фотографиите од сегашната состојба се преземени од вебсајтот од Амбасадата на Србија во Бразил.