Тековни конкурси за идејни решенија
15.04.2016 • Конкурси
Конкурсот претставува најдемократски принцип за избор на конкретно решение за локација и објект со намена од јавен карактер. Се овозможува еднаква шанса за сите (дефинирана со рок и услови на повикот) да проектираат идејно решение и да претстават концепт за конкретната задача.
За жал изминатите години, во Македонија конкурсите станаа тендери, со често непознати членови на комисија, со неразумни рокови и барања за истите, со недоволно информации и нецелосна документација.
Сепак, во една ваква ситуација, архитектот најдобро може да покаже став преку сопствен придонес и јавна презентација на својата идеја за тој простор, предизвикувајќи се себеси и во условите кои се онакви какви се. Архивата на идеи која се креира од процесот е придонес за времето во кое постоиме, доказ за нашиот стадиум на развиток и мисла.
Марх има за цел да ја информира професионалната јавност за постоењето на тековните конкурси, и да иницира што побројно учество на истите. Во моментов се распишани повеќе конкурси, чии базични информации можете да ги проследите во продолжение, или подетални на посочените линкови.
Тековни конкурси:
1.Конкурс за изработка на ахитектонско – урбанистичко идејно решение за пешачки мост на река Вардар од “Кеј Димитар Влахов до Кеј 13-ти ноември”
Распишува: Град Скопје
Објавен: 01.04.2016
Рок: 04.07.2016
Награди: Главна награда – 100.000,00 денари во нето износ, – Втора награда – 70.000,00 денари во нето износ, – Трета награда – 50.000,00 денари во нето износ, – еден откуп на труд – 10.000,00 денари во нето износ, – втор откуп на труд – 10.000,00 денари во нето износ,
Лице за контакт: Бојан Савески
Адреса на е-пошта: javninabavki@skopje.gov.mk
Телефон/Факс: 3297-222/3297-292
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Мост на „Вардар“/ Скопје
———————————————–
2. Конкурс за избор на идејно решение за изградба на Kонгресен центар
Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје
Објавен: 01.04.2016
Рок: 06.05.2016
Награди: непознато
Лице за контакт: Благица Марковиќ
Адреса на е-пошта: blagica.markovik@elem.com.mk
Телефон/Факс: 02 3 149 126/023111309
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Kонгресен центар/ Скопје
———————————————–
3. Конкурс за избор на идејно решение за изградба на катна гаража
Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје
Објавен: 01.04.2016
Рок: 06.05.2016
Награди: непознато
Лице за контакт: Благица Марковиќ
Адреса на е-пошта: blagica.markovik@elem.com.mk
Телефон/Факс: 02 3 149 126/023111309
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Катна гаража/ Скопје
———————————————–
4.Конкурс за избор на идејно-архитектонско урбанистичко решение на плоштадот во централното градско подрачје во Крива Паланка -Плоштад ВМРО
Распишува: Општина Крива Палана
Објавен: 06.04.2016
Рок: 11.05.2016
Награди: Прва награда……………60.000,00 денари (нето); – Втора награда………….. 40.000,00 денари (нето); – Трета награда………….. 20.000,00 денари (нето) .
Лице за контакт: Биљана Тасевска
Адреса на е-пошта: biljana.tasevska@krivapalanka.gov.mk
Телефон/Факс: 031 375 020/031375020
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Плоштад/ Крива Паланка
———————————————–
5.Конкурс за избор на идејно решение за автокамп „Ливадиште“ – Струга
Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје
Објавен: 06.04.2016
Рок: 11.05.2016
Награди: Прворангиран труд = 310.000,00 мкд Второрангирн труд = 120.000,00 мкд Треторангиран труд = 70.000,00 мкд
Лице за контакт: Елизабета Стојановска
Адреса на е-пошта: elizabeta.stojanovska@elem.com.mk
Телефон/Факс: 023149192/023111309
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Ливадиште/ Струга
———————————————–
6.Конкурс за избор на идејно решение за реконструкција и доградба на хотел Молика – Битола
Распишува: АД Електрани на Македонија – Скопје
Објавен: 12.04.2016
Рок: 10.06.2016
Награди: Прворангиран труд = 310.000,00 мкд Второрангирн труд = 120.000,00 мкд Треторангиран труд = 70.000,00 мкд
Лице за контакт: Елизабета Стојановска
Адреса на е-пошта: elizabeta.stojanovska@elem.com.mk
Телефон/Факс: 023149192/023111309
Извор ( link): e-набавки/ Конкурс/ Молика/ Битола
Ф.К
Автор на статија: marh