TРЕНИНГ ЦЕНТАР – ФК ВАРДАР / Скопје, 2016

Година: 2016

Автори: Минас Бакалчев / Саша Тасиќ / Гордан Петров / Александар Петановски

Локација : Скопје

Извор : Архитектите за МАРХ

фото 2a

Проектот го сфативме како дел од доминантната спортска активност, фудбалот. Терените се доминантната површина, објектот е работ, еден вид архитектонска инфраструктура за програмите неопходни за основната активност. Така и конкретно и метафорично тој е линија која ги опслужува терените, во силуетата граница помеѓу небото и земјата.

фото 6

фото 8

Прво, тргнувајќи од неговата линиска диспозиција, содржините се линеарно дистрибуирани. Централен коридор, со двојно напојување е најрационалната типологија на организација на овој вид на објекти. Но, тргнувајќи од неговата надворешна комуникација со терените нужни се попречни комуникации. Така компактнато линиско протегање е расчленето на серија поединечни волумени, шест на едната и шест на другата страна, линиски поместени за еден модул.

Model

Model

Model

Што се добива на овоj начин? Во визбата, која е полувкопана во теренот, каде се гардеробите и останатите помошни содржини, преку изместените волумени, се добива директна комуникација со терените, кон теренот и од теренот кон објектот. Во приземјето овие прекини се визуелни коридори на двете страни кон теренот и кон задната страна. На катот поединечните волумени добиват автономија, тие веќе не требаа да бидат еден унитарен објект, туку една агрегација на поединечни објекти фатени во ортогонална решетка, на една подолжна улица и попречни прекиди.

фото 3

фото 5a

фото 1

фото 7

Краевите, или изместените делови, од целата композиција на обединети и издвоени единици се тераси за поглед на едната страна или другата страна во зависност од активноста, делот од денот или сезоната. Тие се, поврзани со угостителски содржини во објектот. Така на тој начин со едноставни постапки на расчленување и смолкнување е преработена основната типолошка схема, на објект со централен коридор во еден мала агрегација на поединечни волумени кои создават специфичен просторен и материјален систем.

фото 9a

фото 12a

Локацијата на објектот е во зоната на хиподром, во моментот се пристапува од стариот пат кон Катланово, значи на работ на градот во смисла на неговото градско ткаење. Така неговата едноставна и сведена форма, се вклучува во „празниот“ или природниот пејсаж на рабовите на градот, реферирајќи се на производните објекти кои по силата на својата примарна функција секогаш создават интригантни логички искази во природните предели.

фото 11

фото 4

фото 10

Материјалот го приложи и обработи: Моника Крстевска