Повик за учество AAB Workshop 2020 – Љубљана, Словенија

 

 

Студиото Atelier Abroad од Љубљана организира студентска работилница ова лето. Станува збор за еднонеделен настан од интернационален карактер кој ќе содржи архитектонски проекти, професионални предавања и социјални случувања.

 

 

 

 

Работилницата ќе ви даде целосно нова перспектива, ќе го разработи вашето рачно цртање и скицирање, ќе ги зајакне вашите архитектонски способности, и за крај ќе ве остави со безвредни, незаборавни искуства.

од организаторите

 

 

 

 

Настанот ќе се оддржи од 2-ри до 8-ми август во словенската престолнина, Љубљана.

Градот, безразлика на улогата на главен и интернационален центар, ја презервира својата атмосфера на мало место. Тој е на листите на најзелените градови во Европа и меѓу тие најпогодни за пешачење.

 

 

 

Работилницата ќе содржи изработување на урбанистичко-архитектонски проекти на локациите на два алтернативни културни хабови во Љубљана. Задачата е поврзување на двата центри и развивања на јавниот простор измеѓу.

Двете локации се стари индустриски капацитети, кои подоцна се окупирани од уметници, студенти и активисти, и реновирани во културни хабови.

 

 

 

 

 

 

Настанот ќе биде воден од основачите на AtelierAbroad  – Тјаша Плавец и Матиц Мохар. Дополнително ќе содржи низа на организирани социјални активности како екскурзии, спорт и забави.

Предавачите на настанот ќе бидат објавени подоцна.

Работилницата е воедно и натпревар, на кој двајца од победниците ќе бидат наградени со практикантски позиции во две архитектонски студија, едната во Лондон, Англија, а другата во Амстердам, Холандија.

 

 

 

 

 

 

Започнати се EARlY BIRD регистрациите кои важат за првите 30 пријавени. Може и вие да аплицирате на следниот линк: www.atelierabroad.archi/workshop/

За повеќе информации погледнете ја целосната брошура или контактирајте ги организаторите на:

  • matic@atelierabroad.archi
  • +386 31 272 312 (Whatsapp/Viber)