Александар Гицов „Портрет на еден архитект” / фотогалерија
15.10.2023 • Изложби
ХУМАНИТАРНА ИЗЛОЖБА
АЛЕКСАНДАР ГИЦОВ „Портрет на еден архитект“
Место: НУЦК „Бели Мугри“ – Кочани
Време: сабота, 30 септември 2023 г. 13:00 часот
Каталог:
https://publuu.com/flip-book/260135/620709/page/1
Изложбата и каталогот ги подготвија:
Марија Петрова – Фафа
Дејан Јанев
Ахмед Пошка
Теодора Стеваноска
Сара Јованоска
Викторија Прошева, подготовка на технички цртежи
Дени Илиов, подготовка на технички цртежи
Љупка Коцева, подготовка на технички цртежи
Ана Марија Ристиќ, подготовка на технички цртежи
Учениците од Училиште за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани под менторство на м-р Александра Димитрова
Автори на фотографии од објектите:
Сара Јованоска
Дејан Јанев
Автор на фотографии од изложбена поставка:
Ахмед Пошка
Автор на портрет фотографија од Александар Гицов:
Славчо Ивановски – Џони
Спонзори на настанот:
Општина Кочани
Печатница „Европа 92“ – Кочани
Салон за мебел „Јумис“ – Кочани
Кафе „Класик“ – Кочани
Изложбена поставка:
Во галеријата на катот од НУЦК „Бели мугри“ – Кочани беше изложена поставка во чест на Александар Гицов. Изложеното имаше за цел преку различни сегменти да го презентира ликот и делото на градскиот архитект во Кочани.
На самиот влез најпрво се наѕира збирката разнобојни цртежи од малите раце на учениците од Училиште за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани. Тие работеа под менторство на м-р Александра Димитрова. Овие уметнички творци ја прикажаа разиграноста на објектите на Гицов преку призмата на детските очи.
Во средиштето на салата во ритам на маси и високи постаменти беа изложени макети од селектирани дела од творечкиот опус на Александар Гицов. Нив ги предводеше Плакетата за животно дело за заслуги за Град Кочани која му беше доделена на Гицов оваа 2023 година. Со златна боја се изработени пет цркви, а на пониските маси распослани се седум објекти во размер 1 : 75. Во позадина на секоја од масите беа изложени и фотографии од постојаната состојба на разработените објекти. Помеѓу нив се преплетуваат кратки интервјуа и фотозаписи од колегите, пријателите и младите соработници на Александар Гицов, во низата имиња се и проф. Цветанка Симоновска – Цица, проф. д-р Мирослав Грчев, проф. д-р Страхиња Трпевски итн.
Уметничкото творештво на Александар Гицов скромно беше прикажано преку избор на портрети – цртани од него за неговите блиски. На почетокот е неговиот автопортрет изработен во текот на средношколските денови. Оваа низа портрети, доследна на насловот „Портрет на еден архитект“, се завршува со испечатениот портрет на ликот на Александар Гицов – кој го осветлува стаклената фасада од фојаето.
Сложената поставка од макети, фотографии и интервјуа се заокружи во една целина преку воведниот текст на проф. д-р Минас Бакалчев – кој проникливо го презентира ликот и делото на Александар Гицов. Како што тој ќе посочи – „Александар Гицов е еден од локалните херои, преку кој македонската архитектура се создаваше. Неговото дело е во добата на прекршување на парадигмите, помеѓу модерното, и регионалното. Тоа го отвора прашањето за универзализмот, критичкиот регионализам и регионализмот.“
„Вистинското дело на Александар Гицов не се однесува само на физичката градба, туку и на споделување на љубовта кон архитектурата, кон подучувањето на низа млади луѓе за еден напорен, но племенит подвиг – архитектурата. Подучуваше нацртна геометрија, цртање, претставување на архитектонскиот проект. Часовите ги даваше по домовите на неговите ученици, како заеднички кружоци посветени на архитектурата некогаш и до доцна во ноќта. Од тие средби, од недела во недела, се создаваше една неформална архитектонска школа. Ги оживуваше и пренесуваше своите спомени за неговите учители, Најденов, Мазев, Белогарски и на тој начин пламенот на просветувањето го внесуваше и расејуваше во различните домови на Кочани.“ (Бакалчев, 2023)
Каталог:
Записите од интервјуата, фотоколажите и освртот на проф. д-р Минас Бакалчев се издадени во вид на каталог по повод отворањето на изложбата кој може да го погледнете на следниов линк:
https://publuu.com/flip-book/260135/620709/page/1
Хуманитарен гест:
Оваа изложба пред сè беше хуманитарна по својот карактер и имаше за цел да ги поттикне посетителите да донираат средства за купување на училиштен прибор за ученици од социјално загрозени семејства. По завршување на настанот средствата беа донирани во вид на скромни пакетчиња на училиштен пробор за учениците од подрачните училишта од кочанските основни училишта: ОУ „Св.Кирил и Методиј“, ООУ „Никола Карев“, ООУ „Раде Кратовче“ и ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари.
Автор на објектите:
Административен објект ЗОИЛ/Хотел „CITY INN“ – Кочани
Основно училиште „Гоце Делчев“ – Конче
Основно училиште „Орце Николов“ – с. Ињево, Радовиш
Споменик „Никола Карев“ – с. Тркање, Кочани
Средно училиште „Ацо Русковски“ – Берово
Административен објект „Деликатес“– Кочани
Градски музеј „Етно куќа“ – Кочани
Печатница „Европа 92“ – Кочани
Салон за мебел „Јумис“ – Кочани
Црква „Св. Спас“ – с. Полаки, Кочани
Црква „Св. Василиј Велики“ – Пониква, Кочани
Црква „Св. Климент Охридски“ – с. Пашиџиково, Кочани
Црква с. Јастребник, Кочани
Фотографии од изложени објекти:
Погледнете повеќе >>>
Александар Гицов „Портрет на еден архитект“ / хуманитарна изложба
Автор на статија: Martina Shteriova
Александар Гицов / Кочани / Портрет на еден архитект / хуманитарна изложба