Градски амам – Дојран
02.04.2022 • XVI - XIX век

Година: изградба непозната, козервација 2021 год.
Локација: Стар Дојран, некогашна Турска чашија, денес ул. Никола Карев
Извори: www.digital-culture.eu;фејсбук профил Dojran / Macedonia; Општина Дојран
Во непосредна близина на Саат кулата во Стар Дојран, го среќаваме и Турскиот амам. Тој служел како градска бања се до неговото разрушување за време на Првата светска војна.
Минатата година објектот беше конзервиран од страна на Општината Дојран, а тие го најавија и проектот за неговата реконструкција.
Aмамот пред конзервацијата / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia
За оваа бања не се знае кога е изградена, но се зборува дека секој ден работела и тоа се до 1916 година кога е и разрушена. Се состоела од повеке простории од кои едни биле за жени, а други за мажи.
Водата до бањата била носена преку ќерамидни цевки, 2 км западно од Дојран. Водата се загревала со дрва во казан и тоа во посебна просторија, а од таму течела во чешмите од кои се миеле граѓаните. Во бањата оделе граѓани од сите националности, а тоа што е најинтересно е тоа дека за идните невести имало посебна церемонија и оделе на посебно моминско бањање.
Фотографии од проектот за конзервација / извор: веб порталот на Општина Дојран
Денешен изглед на амамот / извор: фејсбук профил Dojran / Macedonia

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
амам / Дојран / Конзервација / Општина Дојран / османлиска архитектура / Стар Дојран