Aнтичка градежна керамика во Република Македонија / Лилчиќ
07.02.2022 • Литература

Наслов: Aнтичка градежна керамика во Република Македонија – Скупи, Стоби, Хераклеја, Стибера
Aвтор: Виктор Лилчиќ
Година на издавање : Скопје, 1996
Издавач: „Македонска цивилизација“ – Скопје
Проф. Лилчиќ го започнува своето истражување за античката градежна керамика како дел од неговата магистерски теза на Филозофскиот факултет при УКИМ, и години подоцна успева да го објави како посебна книга.
Во првиот дел авторот ги дефинира типовите на градежна керамика кај Римјаните, а потоа во вториот дел тој ги презентира главните примери во Македонија, кои се наоѓаат во најголемите антички локалитети: Скупи, Стоби, Хераклеа и Стибера.
Книгата изобилува со технички информации за античките структури, а дополнително содржи и голем број илустрации како планови, изгледи и фотографии од пронајдоците.

Автор на статија: Ноеми Чаусидис
Антика / Виктор Лилчиќ / керамика / Скупи / стибера / Стоби / хераклеа