Бимас: Нова серија предавања / NLA и Chybik+Kristof=Architects
16.10.2025 • Информации

На 15 октомври (среда) со почеток од 19 часот во Македонска опера и балет се одржа нова серија на предавања од светски познатите архитекти Peter Murry од Лондон како ко-основач на New London Architecture и основач на London Festival of Architecture и Ondrej Chybik од Брно како ко-основач на Chybik+Kristof=Architects. Покрај нив зборуваше и Michael Haindl од компанијата Baumit. Настанот го отворија Сара Алаѓозовска како член на управниот одбор на Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) и Иван Мирковски како претседател на овогодинешното биенале. Предавачите комплетно се осврнаа на главните теми на овогодинешното биенале, а тоа се колективната одговорност и новите парадигми во архитектурата.
Petter Murray (New London Architecture, London Festival of Architecture: Shaping cities – a shared project
„Petter Murray е еден од најистакнатите и највлијателните гласови на Британската сцена. Тој е исклучителен пример за тоа како архитектурата може да го надмине просторот на градба и да се престори во јавен дијалог од култура и секако одговорност.“ – Иван Мирковски
По својата презентација можеше да се забележи дека фокусот на Peter Murray е секогаш насочен кон градот, кон прашањето како живееме, како се движиме, како го делиме просторот и како архитектите, урбанистите и граѓаните заедно можат да созададат подобра и поинклузивна средина.
Во своето обраќање тој зборуваше како се инволвираат во формирањето на градовите, како се инволвираат заедниците во донесувањето на одлуките кои се донесуваат со цел формирање подобри градови за живеење.
Започна со неговите почетоци на работа, неговите студентски денови, кога учествувал во кампањи за анти-грди објекти. Целта била да се инволвира јавноста и да се дознае што јавноста мисли за архитектурата, која е нивната перцепција во тоа време, кои потоа тоа влијае во размислувањето на стручните. Посочи дека размислувањето на пошироката јавност е апсолутно важна кога сакаме да размислување за правење подобри градови за живеење.
Неколку години подоцна во 1980 години го формирал Blueprint списанието за архитектура кое имало за цел да биде застапено широко на пазарот, не само помеѓу архитектите и дизајнерите. Тој посочи дека идеите се реализирале многу години подоцна од моментот кога за прв пат биле пуштани во јавност, дека на јавноста и треба време да ја прифати сета промена, но така промените се случуваат кон подобро бидејќи идеите се двигатели кои водат кон прогрес и создавање подобри градови за луѓето да живеат, работат и да го уживаат просторот.
Petter Murray преку примери и проекти кои ги работел со други познати светски архитекти (Norman Foster, Richard Rogers, James Stirling, Renzo Piano итн.) ја претстави архитектурата како еден општествен чин кој ја обединува професионалната етика со јавните двигатели.
По Petter Murray следуваше Michael Haindl од компанијата Baumit која има цел да ја обединува технологијата со хуманоста, естетиката, ефикасноста. Преку проекти ги претстави нивните најнови технологии на материјали за градење засновани на направени истражувања во однос на економска и еколошка одржливост, материјалите како филозофија за здраво и одржливо живеење, како клучен дел од архитектурата.
Ondrej Chybik (Chybik+Kristof=Architects): Creative reuse of cities
„Chybik+Kristof=Architects како едни од најквалитетните и најдинамичните архитектонски бироа во централна Европа во моментов. Основано во Брно студиото ја изгради својата препознатливост преку тоа што ја спојува архитектурата преку рационалноста на градителството, но и поетиката на јавниот простор.“ – Иван Мирковски
Преку презентации на нивните проекти Ondrej Chybik ни покажа како тие се одвојуваат со својата работа, со нивниот пристап преку кој ја гледаат архитектурата како културен дијалог помеѓу повеќе аспекти. Ги претставија нивните архитектонски дела како пример за дооформување на градот и како нивното студио се судира со предизвиците во архитектурата и како тие се справуваат.
Од предавањата имавме шанса да слушнеме нови призми на гледање на тоа како градот се развивал, се развива и како треба да се развива. Дијалогот за развојот на градот е исклучително важен, тоа е нешто што денес го движи градот, момент кој го создава, реконфигурира просторот и го прави почовекомерен, му дава нова димензија која навистина е важна во контекстот и наративот.