Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост / Петрушевска
07.08.2018 • Студентски проекти
Година: 2018
Семестар: VIII
Проектна задача: Проектирање на општествени згради – Центар за спортови и рехабилитација на лица со физичка попреченост
Предмет: Архитектонско студио 8.2
Автори: Ивана Петрушевска
Педагошки тим: Вон. проф. Михајло Зиноски, сор. Маја Даскаловска, сор. Александар Ѓорѓиев
Локација: Велес
Оваа година како тема на Архитектонското Студио 8.2 се разработува центар за спорт и рехабилитација на лица со физичка попреченост. Зададената локација се наоѓа измеѓу реката Вардар и фудбалскиот терен во Велес и изобилува со ниско парковско зеленило.
Сл. 1 – Концепт (скици)
Како резултат на природната зададеност на локацијата од една страна, и потребите на многу осетлива група на корисници од друга страна, каде што треба да се даде значење на непречено функционирање на истите, се предлага мултипликација на одделни центри во една единствена зграда.
Сл. 2 – Концепт (ситуација)
Сл. 3 – Концепт (програма)
Центарот им обезбедува дневно згрижување и престој, работна терапија, рехабилитација и социјализација на лицата со умерени или тешки пречки во телесниот развој. За да се обезбеди интеракција помеѓу корисниците, неопходно е да се комуницира со околината. Поради тоа, како најсоодветен се зема павилјонскиот систем на градба, каде што се оформуваат големи отворени простори и простори за приватно размислување, просторите како слободно толкување на човекот, способен да ги користи за криење или уживање, одделување или поврзување со останатите.
Сл. 4 – Основа на приземје
Се развива само во приземно ниво, со мултипликација на еден единствен модул, каде содржините се распределени во засебни “центри” кои се поврзани со ходник од внатрешната страна. Клучно за целиот концепт е трим патеката која го тангира истиот и додава функција на слободниот простор измеѓу. Исто така создавањето на внатрешен двор, кој има мултифункционална употреба, одговара на потребите во текот на процесот на рехабилитација.
Сл. 5 – Пресек 1-1
Сл. 6 – Пресек 2-2
Централно, во попречен правец нагласена е влезна врска од двете страни на објектот која фигуративно го дели на два дела, каде што во едниот се поставени салите за спорт, а другиот поинтимен дел со простори за физиотерапија, сместувачки капацитети и угостителски содржини.
Сл. 7 – Северна и јужна фасада
Сл. 8 – Источна и западна фасада
Самиот објект го надополнува паркот, а истовремено е во близина на постоечкиот фудбалски терен кој може да се користи за потребите на Центарот. Не се наметнува во околината, односно се прилагодува кон истата. Иако сите содржини одделно се поставени во просторот, сепак непречено функционираат како една целина.
Од студентот
Сл. 9 – Макета
Автор на статија: Martina Shteriova
Архитектонско студио 8.2 / АФС / Велес / Студентски проект / Центар за спортови и рехабилитација