Црква „Св. Никола“ – Буриловци
17.10.2022 • VI-XV век
Свети Никола e средновековна селска црква во светиниколското село Буриловци, Македонија. Црквата е гробјанска. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.
Местоположба
Црква се наоѓа во самото село Буриловци, источно од градот Свети Николе. Изградена е на старо култно место. Во нејзина непосредна близина се наоѓа средновековната некропола Пинговски Гробишта, каде се наоѓаат остатоци на постари надгробни споменици.
Фото: Кирил Симеоновски/ Википедија
Историја
Таа е една од најстарите сочувани цркви во Овче Поле. Потекнува од IX век. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена. Сепак, точниот датум на нејзиното подигнување е непознато, иако според некои споредби со други градби, веројатно потекнува од од крајот на XV или почетокот на XVI век.
Фото: Village of Mustafino
Архитектура
Црквата е гробишна еднокорабна градба. Има правоаголна основа и полукружен свод, типичен претставник на црковната архитектура од турскиот период во Македонија.
Градена е од клепан и кршен камен со малтер, без некоја доследност во ѕидањето. Печени тули се употребувани само за создавање на лакот над нишата на западната фасада.
Фото: Кирил Симеоновски/ Википедија
Влезот е од западната страна преку ниска еднокрилна вратичка. Прозорците имаат облик на пушкарници од средновековните одбранбени кули. Во горниот дел од надворешната страна, ѕидовите завршуваат со профилиран корниз изведен од кршен камен.
Фрескоживопис
Стилските карактеристики на ѕидното сликарство и извесната монументалност, пастелниот колорит и украсните елементи, упатуваат на стилските разбирања од крајот на XV или почетокот на XVI век. Во тематскиот склоп на сликаната програма е вклучен текстот на Неделниот прокимен.
Фото: Полупрофесионален шофер / Википедија
Се забележуваат фрески од два временски периоди. Првиот слој, од времето на ѕидањето, а вториот од една реставрација од последните години на XIX век. Зографот на црквата спаѓа во редот на талентирани уметници.
Меѓу позначајните композиции се следниве: „Успение на Света Богородица“ на западниот ѕид над влезната врата, „Раѓањето на Христа“, „Сретење“ и други.
Извор: Википедија на македонски јазик
Текстот е пренесен верно на изворот
Фотографии: Полупрофесионален Шофер, Village of Mustafino
,Автор на статија: Filip Koneski