Црква Св. Недела / Матка, XIV век

Година : 1350 – 1360

Локација: локалитет Марков Град, над кањонот Матка

Извор: Википедија;

Насловна фотографија: www.commons.wikimedia.org – Darkocv

 

Високо на левиот брег на реката Треска, спортивно над Манастирот Никола Шишевски и над црквата Св. Андреја, ја среќаваме полу-зачуваната црква Св. Недела. Иако од неа се останати само долните партии од ѕидовите и еден од лаците, тоа е доволно да ни ја раскаже приказната за некогашниот комплекс Марков Град.

 

 

 

 

 

 

Во средниот век, тука, на најстрмните делови од кањонот, било изградено утврдување во чиј центар се наоѓала оваа црква. Тоа веројатно бил манастриски комплекс кој имал и неколку конаци, а сепак е можно да имало и мала населба. Знаеме дека објектите се изградени околу XIV век, во период кога Османлиите почнуваат со својата експанизија на Балканот, па затоа многу од манастирите биле утврдувани.

Околу локалитетот денес среќавеме дел од овие одбранбени ѕидини и темели од друг правоаголен објект кои се наоѓа веднаш до храмот Св. Недела.

 

 

 

 

 

 

 

 

Најмногу зачувана е сепак црквата. Тоа е еднокорабна градба која била покриена со купола, многу слична на соседните цркви Св. Никола Шишевски и Св. Андреја. Археолошките ископувања утврдиле дека таа потекнува од периодот помеѓу 1350 и 1360-тата година.

Таа има широки ѕидови издработени од кршен и делкан камен-варовник и тули. Денес, иако конзервиран, се уште стои еден од лаците на пандатифите кои некогаш ја држеле централната купола.

 

 

 

Историска фотографија на горните партии од црквата / извор:  www.commons.wikimedia.org 

 

 

Денешна состојба на горните партии од црквата

 

 

Внатрешноста била декорирана со фрескоживопис кој е само делумично зачуван. Знаеме дека тука стоел приказот на св. Недела, но денес веќе тој тешко се распознава. Во литература од почетокот на 20-от век, среќаваме дека некогаш се гледал и приказот на ктиторот со моделот на црквата во рака.

 

 

Остатоци од фрескоживописот во црквата Света Недела  / извор:  www.commons.wikimedia.org – Македонец 

 

 

Најимпресивниот аспект на самата црква е сепак нејзината локација. Пристапот до неа е по стрмни патеки, посебно ако се упатуваме директно од езерто Матка. Од платото на кое таа е сместена се отвара поглед кон целиот кањон и главниот пристап кон него од Скопската Котлина, што дополнително укажува на нејзината стратешка локација.

На оваа точка освен локалитетот денес нема никакви зданија, што ја прави совршена локација за планинарење и уживање во погледите и природата на Матка.

На само неколку минути одалеченост се наоѓа и малата црква Св. Спас.