Црква Св. Спас / Матка, XIV век

Период: основа од доцен XIV век, обнова наводно кон средината на XX-от в.

Локација: месноста Петров Камен, над кањонот Матка

Извор: Википедија;

Насловна фотографија: www.commons.wikimedia.org – Kiril Simeonovski

 

 

Високо над левиот брег на реката Треска во непосредна близина на селото Горна Матка, се наоѓа црквата Св. Спас. Таа е на 1 час пешачење од манастирот Успение на Пресвета Богородица, а само на неколку минути од локалитетот Марков Град и разрушената црква Св. Недела.

Црквата претставува мал еднокорабен храм. Нејзината основа датира најверојатно од доцниот XIV-ти век, и била изградена врз контурите на постар и многу поголем култен објект. Месното население со оваа црква го поврзува мошне силниот култ кон Свети Спас.

 

 

 

Западната фасада на храмот / извор: www.commons.wikimedia.org – Kiril Simeonovski

 

 

Во непосредна близина на црквата Свети Спас, непосредно јужно и југозападно во дворот на црквата стојат остатоците од темелите на 2 ранохристијански цркви Света Троица и Свети Ѓорѓија, кои се обележани со икони од овие светци. Свети Тројца или Св.Архангел Михаил е јужната градба. Tоа е црква од XII-XIII век, времето на византиските владеења. На овој простор се наоѓаат расфрлани или вградени во црквите повеќе камени архитектонски делови кои, според своите карактеристики, потекнуваат од раноримскиот и доцноантичкиот период. Тие припаѓале на две култни градби: храм и базилика. Остатоците од црквата Света Троица (Св. Архангел Михаил) се позабележителни и во нив и во денешно време во олтарниот дел стојат крст, икони и кандило за свеќи, додека низ целата површина на храмот стојат повеќе од остатоци од столбови карактеристични за римското време.

Денес на локалитетот среќаваме и нова ѕидана камбанарија, која датира од 2010г, а десно од неа неодамна и започна изградбата на нов современ храм.

 

 

 

Новата ѕидана камбанарија / извор: www.commons.wikimedia.org – Kiril Simeonovski

 

 

 

Изглед на црквата во 90-те / извор: документарен филм за Матка, МРТ