Димитрис Пулиос | EU-GR, Говорник на Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти
19.11.2025 • Информации
Димитрис Пулиос е КОАИ и урбанист, со потекло од Волос, Грција. Дипломирал архитектура на Универзитетот во Тесалија во 2010 година, а своите постдипломски студии по Урбан дизајн ги завршил на Универзитетот во Кардиф (Обединетото Кралство) со стипендија од Фондацијата Бодосаки. Неговите академски интереси опфаќаат Урбан дизајн, Урбано планирање, Управување со културно наследство и Партиципативно планирање. Во 2021 година го стекнал својот докторат по Урбано планирање на Националниот технички универзитет во Атина (NTUA) како стипендист на Фондацијата Онасис.
Во 2013 година Пулиос се приклучува на фирмата Thymio Papayannis and Associates (TPA), како консултант, а во 2020 година станува Партнер и член на менаџерскиот тим. Од 2022 година, тој предава Урбано планирање и Урбан дизајн на Универзитетот во Тесалија и на Техничкиот универзитет на Крит како гостин-професор.
Четврта Годишна Средба на Архитекти и Архитекти Урбанисти -„Архитектурата утре“
Тој има добиено признанија на повеќе архитектонски и урбанистички конкурси и има богато искуство во реализација на проекти во Грција и во странство – меѓу кои Обединетото Кралство, Албанија, Кипар, Палестина, Саудиска Арабија и Катар. Во 2025 година бил дел од тимот на TPA, кој ја доби Европската награда за интервенции во архитектонското наследство во категоријата Урбано планирање.
На Четвртата Годишна средба на архитекти и архитекти урбанисти, Димитрис Пулиос ќе ја претстави својата презентација насловена „Корени и Плодови: Архитектура и Урбана Иновација во Флуиден Свет“ каде ќе се осврне на динамичната поврзаност меѓу наследството, традицијата и иновацијата во современите урбани интервенции.
