Електрична енергија и архитектура

Извори: Sustainable design methods for architects, 3rd edition by Norbert Lechner; www.wikipedia.com; www.ea.gov.mk

 

Затоплувањето, ладењето и осветлувањето на градбите се постигнуваат со користење на електрична енергија. Во шеесетите години, потрошувачката на електрична енергија се сметала за незначителна грижа. На пример, понекогаш објектите билe проектирани без прекинувачи за светлина затоа што се верувало дека е поекономично да се остави светлото континуирано вклучено. Исто така, најпопуларната опрема за климатизирање за поголеми градби била „терминален систем за прегревање“, во кој воздухот се ладел до најниското ниво, потоа се прегревал колку што е потребно. Двојната употреба на електричната енегија не била сметана како значајно прашање.

 

Зградите се главни причинители за глобалното затоплување бидејќи тие користат околу 48 проценти од вкупната енергија. Од тие 48 проценти, околу 40 проценти се за функционирање на зградите (затоплување, ладење, осветлување, компјутери итн.) и околу 8 проценти е за нивна изградба (создавање материјали за транспорт и монтажа)

 

Јасно е дека градежната индустрија има најголема одговорност за енергијата на планетава. Архитектите имаат одговорност и можност за проектирање на одреден начин за поголема енергетска заштеда.

Одговорноста е голема поради ефективниот живот на производот. Автомобилите траат околу 15-20 години, така што било какви грешки не се товар на општеството на долг рок или евентуално не би имале еднакви последици. Сепак, најголем дел од објектите имаат корисен живот најмалку педесет години. Последиците од проектантските и изведбените одлуки се препишуваат на нас за долго време.

 

 

За жал, фразата заштеда на електрична енергија има негативна конотација. Таа прави да се мисли на недостиг и неудобност. Сепак, архитектурата која заштедува електрична енергија може да биде удобна, одржлива, хумана и естетски задоволителна. Исто така, може да биде поевтина отколку конвенционалната архитектура. Оперативните трошоци се намалени заради пониските сметки за електрична енергија и првите сметки се најчесто намалени поради малото количество опрема за затоплување и ладење кое е потребно. Со цел да се избегнат негативните конотации, прифатена е попозитивната и флексибилна изрека енергетски свесен дизајн за да се опише грижата за заштедата на електричната енергија во архитектурата. Свесно дизајнираните енергетски објекти ја намалуваат потребата за скапа, загадена и необновлива електрична енергија. Поради придонесување за планетата, таквиот дизајн денес е наречен одржлив, зелен или низок јаглерод.

 

 

Поради глобалното затоплување денес е познато дека апетитите за електрична енергија на градбите е проблем број еден. Прашањата за електрична енергија се огромни подмножества на сите прашања за одржливоста. Прашањата за сончева енергија се огромни подмножества на сите прашања за одржливоста. Исто така, прашањата за сончева енергија се изненадувачки големо подмножество на прашања за електрична енергија. Постојат многу стратегии: фотоволтаични (соларни ќелии), активен соларен систем (топла вода), пасивен соларен систем (просторно затоплување), дневно осветлување и затемнување.

 

 

При објаснувањето на индустриската револуција, Вилијам Мекдона и Мајкл Браунгарт велат дека таа се заснова на три основни принципи:

  1. Трошење еднакво храна – Сè мора да биде произведено на таков начин што кога му поминува рокот, станува здрав извор на сурови материјали за производство на нови нешта.
  2. Почитување на разновидноста – Дизајните за секоја работа ќе ги почитуваат регионалните, културните и локалните материјали.
  3. Употреба на соларна енергија – Сите извори на електрична енергија мора да бидат незагадувачки и обновливи, а објектите мора да бидат корисни од соларен аспект.

Така, повторно гледаме како соларната енергија и соларно соодветниот дизајн ќе играат клучна улога во било кој тактичен план за одржлива иднина. Постојат повеќе системи на рангирање на одржливоста кои се користат во различни делови од светот, две значајни компоненти на сите овие рангирани системи се: ефикасноста на енергијата и употребата на соларна енергија.

 

 

Обновливи извори на енергија

Сите извори презентираат многу важни средства како да се биде обновлив извор и да не се придонесува во глобалното затоплување. Соларната енергија, ветерот, хидроелектричната енергија и биомасата се обновливи, бидејќи тие се варијанти на соларна енергија.

Ако треба да замислиме идеален извор на енергија, тоа би можело да се фотоволтаичните (PV) ќелии. Тие се направени од најчестиот материјал на земјата – силикон. Ја произведуваат најпознатата флексибилна и вредна форма на енергија, електрична енергија. Тие се многу сигурни, без подвижни делови. Не загадуваат на било каков начин – нема бучава, нема чад, нема радијација. И тие се неисцрпен извор на енергија на сонцето.

Во текот на последните дваесет години, цената на PV-електрична енергија се намалува постојано и тоа е процесот со кој станува конкурентна на конвенционалната електрична енергија. PV-енергетиката веќе е конкурентна за инсталации кои се далеку од постојната електрична мрежа, како и во период кога доаѓа до врв на побарувачката за струја, која е многу скапа.

Најголемиот потенцијал лежи во градбено интегрираните фотоволтаици (BIPV) и за иднината на енергијата и за архитектурата.

 

 

Кога архитектите започнуваат да го проектираат визуелниот изгледа на еден објект, тие истовремено го почнуваат и проектирањето на затоплувањето, ладењето, како и на осветлувањето. Поради ваквиот неразделив однос меѓу архитектонските особености и затоплувањето, ладењето, како и осветлувањето на градбите, можеме да кажеме дека еколошките аспекти се, односно треба да се оформувачи во архитектурата.

Оттука, ова истражување начелно отвора прашања, каков е нашиот однос со одржливиот дизајн? Второ, кои се можностите на граѓаните и компаниите да произведуваат електрична енергија на нивните кровови и истата да ја продаваат на откупувачот и дистрибутер на електрична енергија?

Во продолжение линк каде може да прочитате повеќе за Правилниците за енергетски карактеристики на зградите и обновливи извори на енергија.

 

ПРАВИЛНИЦИ