Група „Денес“
28.05.2021 • Уметност
Извори:
Изложба на Групата „Денес“
Делото на Лазески како опомена за зачувување на вистинските вредности
Nada Prlja at La Biennale di Venezia 2019
Arhitekti koji su projektovali Blok 45
Denes 1953-1983
Collective action as political, not organizational decision_Vaseva, Jovanovski
Чекор што ветува
„На 1 септември 1953 година петмина сликари: Димче Протуѓер, Борко Лазески, Љубомир Белогаски, Ристо Лозаноски и Давид Бафети; тројца архитекти: Славко Брезоски, Ристо Шекерински и Јанко Константинов; и еден скулптор: Јордан Грабулоски, одржаа состанок кој по своето значење, како што се гледа подолу, има основачки и програмски карактер. “
Со ова почнува поздравот на редакцијата на „Разгледи“ која објавува дека во Македонија отпочнува со работа една нова група на уметници. Овој период во уметничката пракса во Југославија е одбележан со повеќе слични групирања на ликовни работници со слични погледи. Така, поттикнати и од позитивниот став на Конгресот на СЛУЈ од 1953 година, во врска со основањето на групи од овој карактер, основана е групата „Денес“.
Составена претежно од втората генерација на македонски ликовни уметници, скулптори и архитекти, групата во своето манифесто го изразува својот став за начинот на кој уметноста се организира и презентира во јавноста, нивните уметнички погледи, како и заложбата да се поттикне блиска соработка на уметниците и архитектите, нешто што можеме да го видиме во реализирани објекти во периодот кој следи.
Групата го обзнанува своето постоење со изложба на 6ти декември 1953 година со изложба во салата на тогашниот Градски народен универзитет. Во времето додека изложбата била отворена членовите на групата одржале низа на предавања за современите постигнувања во уметничката дејност.
Во 1954 година тие изложуваат повторно но во сега различно издание. Освртот на Личеноски во списанието Разгледи документира дека изложбата била одржана во сутеренот на зградата на улица Никола Парапунов бр. 3 (според имињата на улиците од таа година, сега не е познато за која зграда станува збор) , односно простор кој бил не стандарден за изложби, мал и интимен, нешто што на уметничката сцена и недостасувало како културна установа. Интересно е дека во истата статија наведено е дека се планира уметнички павиљон што ќе биде отворен за јавноста во 1955.
Основна цел на оваа група е: користење на современи ликовни постигнувања од светот за создавање на наша современа ликовна уметност. За остварување на оваа основна цел групата се залага недовосмислено за следново:
- Да организира изложби кои ќе имаат современа и јасна ликовна концепција. Таа смета дека досегашниот начин на организирање на годишни изложби на Друштвото на ликовни уметници, беше неправилен, и поради тоа потребна е промена. Изложбите немаа физиономија, а даваа само формална регистрација на членството. Таквите изложби не дозволуваа сосема природно, афирмација на пооделни уметници (секој можеше да изложува само по неколку дела), ниту пак афирмација на различни ликовни струења (делата не беа групирани по приближно еднаквите гледања на авторите, туку се внимаваше на општиот аранжман). Ваков начин на организирање на годишни изложби е сега уште повеќе нецелособразен од проста причина што бројот на ликовните уметници во Македонија веќе е зголемен за три пати, и поради фактот што постојат значајни разлики во погледите на уметноста. Сето тоа јасно говори дека треба да се организираат групни и индивидуални изложби, а пак на годишните изложби, покрај нивниот регистрационен карактер треба јасно да се издвојат делата на авторите кои имаат слични погледи.
- Групата е за активна борба против застарените ликовни разбирања, а за развивање и создавање на современ вкус и современа ликовна публика. Таа е за активна борба на различни погледи односно што побрзо групирање и на други ликовни уметници. Со ваков начин на работа ќе се искристализираат многу принципиелни прашања, со што би се дала можност за активно и творечко учество на секого во ова поле на културна и општествена дејност.
Групата е за поврзување со останати групи и кружоци во нашата земја коишто се борат за промовирање на современа ликовна уметност. - Групата е за потесна соработка со архитекти што имаат современи разбирања. Таа смета дека сите три гранки на ликовната уметност (архитектурата, скулптурата и сликарството) се неделиви и детерминирани меѓу себе. Особено денес мора да постои таква тесна соработка. Секакво искуствено одделување и делување е пречка за создавање на современа ликовна уметност. Групата има намера тоа во пракса да го остварува, со што го потврдува и фактот дека тројца од нејзините членови се архитекти со современи погледи.
- Групата е за постојана внатрешна работа со цел за разрешување на актуелни ликовни проблеми. Таа смета дека на почетокот членовите на нејзиниот состав треба да се со слични погледи, што е сосем нормално, а внатрешното ускладување треба да претствавува значајна цел и перспектива која треба да се реализра на долг рок.
Групата е за прибирање во своите редови на активни современи ликовни работници кои што не членуваат во Сојузот односно Друштвото. Таа е за помагање на оние ликовни работници кои поради разни прични не може да членуваат во Друштвото односно Сојузот, а се со современи погледи. - Групата е за создавање на круг на јавни работници и уметници ( музичари, писатели и др) со цел соработка и разрешување на современите уметнички прашања и проблеми преку предавања, натписи, дискусии и слични активности.
Поединечните достигнувања на уметниците во оваа група се огромни и секој од нив заслужува посебна објава која детално ќе ги обработи творештвото на авторот, релацијата меѓу авторот на локално и пошироко ниво. Во оваа прилика проследуваме низа на извори и линкови каде можете одделно да ги истражите секој од авторите – членови на „Денес“:
Димитар Кондовски:
Димитар Кондовски и Диме Достовски – Интервју 1991
Димитар Кондовски – ТВ Есеј
Во друштво со мртвите великани
Борко Лазески:
Борко Лазески – Пламнати Ѕидови – Раѓање на муралот 1986
Портрет на Борко Лазески 1981
Димче Протуѓер:
Патот на креативното 1989 (со Борко Лазески и други)
Димче Протуѓер – Уметничка галерија Скопје 1986
Љубомир Белогаски:
Портрет: Љубомир Белогаски 1991
Ристо Лозаноски:
Блог посветен на животот и делото на Лозаноски
Галерија и биографија на авторот на oldprilep.com
Боро Крстевски:
Уметничка Галерија каталог 1989
Боро Крстевски – 50 години ликовно творештво
Ристо Шеќерински:
Нашите во светот – Ристо Шеќерински
Славко Брезоски:
Славко Брезоски на МАРХ.мк
Документарец за соборен архиепископски храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје
Јанко Константинов:
Јанко Константинов на МАРХ.мк
Јордан Грабул:
Spomenikdatabase.org галерија
Јордан Грабул на МАРХ.мк
Галерија и биографија на авторот на oldprilep.com
Автор на статија: Љубен Трајаноски
Архитектура и уметност / Борко Лазески / Боро Крстевски / Денес / Димитар Кондовски / Јанко Константинов / јордан грабул / Ристо Лозаноски / Ристо Шеќерински / Славко Брезоски