Хотел Беловодица / Спасески, Арсовски

Семестар: VII семестар, 2019/2020

Проектна задача: Екотуристичко одмаралиште

Предмет: Архитектонско Студио 7

Автори: Филип Спасески, Кристијан Арсовски

Универзитет: „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Ментор: проф. д-р Минас Бакалчев, проф. д-р. Саша Тасиќ, сор. Александар Петановски, Гордан Петров, Марија Петрова

Локација: Мермерно езеро, село Беловодица, Прилепско

Првично локалитетот го прогласивме за Споменик на културата и со тоа сметаме дека надлежните власти треба да покренат иницијатива за негова заштита и одржување.

Како значаен елемент го издвојуваме северозападниот ѕид на кој беа забележани повеке етажи со непоголема висина од 9 метри и квадратни засеци кои прават неверојатна атмосвера додека чекорите по самиот етаж.

Целта е да се препознае квалитетот на локацијата и истиот да се задржи или пробро, да се потенцира.
Сметаме дека специфичната и уникатна локација во чие присуство човек останува без здив заслужува да биде што повеќе зачвуана во првобитна состојба, со тоа нема да се наруши автентичноста на местото.
Oдлучивме да се задржиме на интервенција која подразбира минимално длабење со максимална длабочина од 6 метри.

Станбен дел:
Повеќето соби се 27м2 со еден поголем апартман, едноставни, минимални, осветлени од една страна со голем отвор од под до плафон.
Групирани се по 2 соби на еден влез, собите се на горниот дел од етажот со што се овозможува подобар поглед и приватност.

Поставените вертикални шупливи мермерни блокови се објаснуваат од повеќе аспекти:
1. функција
– во некои од нив се сместени лифтови, скалишни јадра а некои служат за продор на светлина (амбиентално осветлување)
2. обликовен
– го обележуваат местото и го назначуваат етажот за движење
3. принцип
-волумените кои се длабат за да се направат станбените единици вертикално се поставуваат на другата страна од езерото, со што прават визуелна конекција.

Бањата како целосно интимна и специфична програма:
Се обидовме да направиме простор каде фокусот нема да е кон погледот од езерото и целата локација, простор во кој посетителот ќе дојде до поинтимен контакт со внатрешноста на планината и самата материјалност.
Како голем придонес се мермерните вертикали централно поставени кои ја дополнуваат духовната димензија која бањите треба да ја обезбедат.

Од студентите