Каталог: I биенале на македонската архитектура – БИМАС / 1981 година
14.09.2022 • Литература
https://marh.mk/spomen-dom-shamarice-brezovski/Каталог: I. Биенале на Македонската архитектура,
Сојуз на друштвата на архитектите на Македонија
биенале на македонската архитектура каде се изложуваат проекти и реализации од областа на архитектурата, урбанизмот, внатрешната архитектура и дизајнот. : 16 – 28 Февруари 1981
Организационен одбор:
Трајко Димитров, арх – претседател
Александар Смилевски, арх.
Александар Никољски, арх.
Соња Димитровска, арх.
Александар Кочишки, арх.
Соња Панчевска – кустос
Весна Штербинска – студент на архитектура
Уредувачки одбор:
Александар Кочишки, арх – претседател
Ленка Јанева, арх.
Александар Никољска, арх.
Одговорен уредник:
Ленка Јанева, арх.
Насловна страна и знак на БИМАС:
Александар Никољски, арх,
Слободан Живковски
Тираж: 1000 примероци
БИМАС или Биенале на современата македонската архитектура го има својот почеток во далечната 1981 година, културен настан наменет за претстава на македонските градители искажани преку последните архитектонски творби. Сеуште БИМАС останува да биде клучен настан во полето на архитектурата каде се воспоставува диалог помеѓу светските трендови и случувањата на домшаната архитектонска сцена.
Формирањето на биеналето на македонската архитектура е постигнато преку спогодба на сојузот на друштва на архитектите на Македонија. Членот 1 во спогодбата вели „ се цени дека пошироката јавност ќе биде најдиректно запозната вклучена со идеите, проектите и реализациите од областа на архитектонското творештво, урбанизам и заштита на архитектонското наследство“.
Токму оваа спогодба ја дефинира работата и целта на БИМАС.
Под жири комисијата на Проф. арх. Борис Чипан, проф. арх. Радомир Вољинец, арх. Венцислава Гаврилска, арх. Томислав Писевски, кустос Соња Панчевска, ликовен критичар Богдан Мусовиќ и академски сликар Душан Перчинков, доделени се следниве награди:
I главна награда на биеналето е доделена на објектот „Спортска дворана“ во Куманово. Автори на проектот се д.и.а. Трајко Димитровски и д.и.а. Живко Гелевски.
Биеналето доделува и специјални награди за реализирани објекти, во полето на спомениците на културата, реализации во дизајнот, проекти и студии за архитектонски објекти и агломерации како и студенски трудови.
Каталогот е превземен и е достапен во дигиталната архива ЗаУм – архива на настани поврзани со современата македонска ликовна уметност.
Автор на статија: Мартин Ефремовски
Биенале на македонска архитектура / БИМАС / бимас 1981 / Македонска архитектура / Модерна Архитектура