Групна изложба по повод Денот на Европа „ИДЕНТИТЕТ, ИДЕНТИФИКАЦИЈА, ИНТЕГРАЦИИ“

Почитувани,

Почитувани, Во рамките на богатата културна понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028, во Галерија „КО-РА“ при Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, ќе биде отворена групната изложба насловена како „ИДЕНТИТЕТ, ИДЕНТИФИКАЦИЈА, ИНТЕГРАЦИИ“ по повод Денот на Европа, 9 мај (четврток) во 20 часот.

Покрај бројни ликовни уметници кои ќе земат учество на изложбата, а во соработка со Архитектонскиот факултет при УКИМ, истовремено во малиот изложбен салон Галерија „КО-РА“ (сутерен) ке биде отворена и изложбата на студентите по архитектура со архитектонски проекти на тема „Изложбен павилјон на Македонија“ и „Кенотаф за Гоце Делчев“, работени на предметите Внатрешна архитектура 1 и 2.

Студенти – учесници: Елеонора Божиноска, Габриела Гаврилоска, Ева Динев, Бојана Исијанин, Катерина Јованова, Љупка Коцева, Елеонора Михаиловска, Маја Петревска, Мартин Пулески, Александар Спасиќ и Катерина Цветковска

Педагошки тим: проф. д-р Митко Хаџи Пуља, ас. м-р Дарко Драгановски, ас. м-р Кире Ставров, м-р Мартина Пенева, дем. Димитар Милев, дем. Мартин Пулески.

Помеѓу учесниците се : д-р Дита Старова Ќерими, м-р Марија Светиева, м-р Валентина Илијевска, м-р Билјана Билбилоска, м-р Шќипе Мехмети,м-р Давор Тоциновски, Емилија и м-р Стојче Тоциновски, м-р Славица Танеска,м-р Вангел Коџоман, Александар Таневски, Игор Љубовчевски – Љубац, м-р Ивана Јовановиќ Тростман (од Р Хрватска),м-р Вангел Коџоман, м-р Хари Манчев, м-р Жанета Радевска Спировска, Виктор Бранѓолица, Љубе Алексовски, Ивона Велковска, Ангелца Стоиљковиќ, проф д-р Владимир Величковски, Анита Огњановска,м-р Смиле Цветановски, Анита Огњановска, д-р Игор Поп Трајков, Ј. Ивановска, Маја Николовска, Гордана Винчиќ, Јорданка Мирковска, Сузана Арсова, Соња Гиздавиќ, Андријана Андреева, Елизабета Костова, Нена Туниќ, Никола Кипроски, Виолета Николова Виле, Дијана Петкова , како и група студенти од МИТ Универзитетот од Скопје.

Куратор на проектот е дипл.историчар на уметноста Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура во Ј.У Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.