Иницијатива на „Зелен хуман град“ против висококатници спроти Холидеј Ин

Извор: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=225769652744526&id=103148041673355

Насловно фото: Зелен Хуман Град

 

,,Почитувани сограѓани, жители на Скопје, ја бараме вашата поддршка заеднички да го спречиме градењето монструозни објекти кај Холидеј Ин‼️

Придружете ни се заедно да побараме да се поништи издаденото одобрение за градба и да се укине Одлуката за незаконската примена на спорниот ДУП!

Стручниот тим на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД изработи претставка/иницијатива за вонреден инспекциски надзор која е достапна на следнава врска:
https://drive.google.com/file/d/1TLsVj98MOKIJN8MMI16oDLdFtc06KsYp/view?usp=sharing

Испратете ја во што поголем број на следниве мејлови:
contact@is.gov.mk
info@dils.gov.mk
contact@digu.gov.mk

И на zelenhumangrad@gmail.com за да имаме увид колку граѓани реагирале!

Да ги преплавиме сандачињата на инспекциските служби‼️

Овој петок (16 јули) во 10 ч. одиме да ги поднесеме претставките и директно во архивата на Инспекцискиот совет!

Дојдете со нас! Испечатете ја претставката, излезете на пауза од работа! Да им покажеме на институциите дека будно го следиме секој нивен чекор, дека квалитетот на живот во Скопје ни е приоритет и дека нема да дозволиме да бидеме жртви на корумпирани политичари без совест и без интегритет!

За жителите од Ново Маало мора да се најде решение! Тие луѓе не смее да бидат манипулирани дека монструозните градби ќе им донесат квалитетен живот и дека им се единствено решение. И тие ќе продолжат да живеат во нехумани услови како и досега – без воздух, без светлина. Инвеститорите ако беа толку загрижени за новомаалци ќе градеа на ГП 1.2 или на ГП 1.3, а не на ГП 1.1 – паркингот. ГП 1.1 е на територија на паркингот и на имотот на МПЦ. Луѓето и нивните домови намерно заборавени од институциите се на територија на ГП 1.2 и ГП 1.3. Таму сега нема да се гради! Сите три кули се на ГП 1.1, а ако се дозволат монструозните планови на инвеститорите, тоа ќе ги исцрпи и параметрите за домување од ГУП и инфраструктурните капацитети на просторот (сообраќајни, водовод, канализација). За прашањето на новомаалци да се реши потребен е нов план со поинаку дефинирани парцели кои полесно ќе се реализираат.

Затоа за локацијата мора да се организира меѓународен конкурс за најдобро урбанистичко решение, да се одговори на сите потреби на локалното население, но не за сметка на тоа група моќници дебело да испрофитира. Монструозните градби не се одговор на потребите на новомаалци туку се одговор на незаситниот апетит на урбаната мафија!

Скопје мора да се развива одржливо и праведно! ✊”

Текстот во целост е пренесен од изворот >>> https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=225769652744526&id=103148041673355