Конкурс за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за парк во општина Карпош, дел од градска четврт 3 01
09.02.2020 • Конкурси
Договорен орган: Град Скопје
Рок : 16.03.2020 / до 12 часот
Награди (бруто) : I место /310.000 денари II место / 185.000 денари III место/125.000 денари
Градот Скопје објави повик за избор на идејно решение за изградба на нов градски парк, покрај реката Вардар, во општината Карпош.
За истиот предвидени се три награди во споменатите износи и рок на изработка од 35 дена.
Општи услови:
- Конкурсот е општ и анонимен
- Предметот на конкурсот не е делив
- Секој учесник има право да учествува со еден конкурсен труд
- Конкурсните материјали и целата коресподенција повразана со конкурсот се пишуваат на македонски јазик
- Оценувањето ќе го врши Жири комисија
- Конкурсот не е дел од постапката за изработка на основен проект
- Трудовите во затворена обвивка се предаваат во формат 100/70 cm
Цел и задача на конкурсот:
Цел и предмет на конкурсот е изработка на идејно архитектонско и хортикултурно решение за парк во Општина Карпош, дел од градска Четврт 3 01.
Просторот кој е предвиден за планирање се наоѓа во Општина Карпош во рамките на Градска четврт „3 01“ со граница на западната страна определена со бунарско подрачје „Лепенец“ и новопланираната сообраќајница „С1“ од исток со новопланираната улица „Љубљанска“ од север со постоечката пешачка патека на кејскиот ѕид на Реката Вардар и од југ по новопланирата сообраќајница „С2“ и е со вкупна површина од 86 000 м2.
Детално условите за конкурсот можете да ги најдете и симнете во дигитална форма од следниот линк >>>
Автор на статија: Filip Koneski