CARNETS: Architecture Is Just a Pretext – збирка лични фрагменти од современото Европско Архитектонско сценарио

Ви претставуваме публикација која е резиме на еден истражувачки проект за положбата на младите архитектонски пракси во Европа. CARNETS: Архитектурата е само изговор, го поставува прашањето на колку и како опкружувањето влијае врз творештвото на современите архитекти. Преку интеврјуа и разговори воочуваме како 30 студија низ Европа се обликувани од нивните предизвици и препреки, како и од самите ателјеа во кои работат, средините во кои се израснати, современите културни трендови, но и од едноставните секојдневни нешта.

Главната идеја на CARNETS е „архитектурата е само изговор “ (architecture is only a pretext), позајмена од една мисла на архитектот Нимаер, која укажува дека животот е тоа што навистина значи, а нашата дејност произлегува само како последица од тоа што правиме и со што сме опкружени.

 

 

 

 

Уредниците бираат млади архитекти кои се карактеризираат со јасни ставови спрема професијата, иновативен начин на работа и на презентација. А потоа, ги канат да ги престават нивните опркужувања преку текстови и илустрации.

Финалниот резултат е колекција на ставови кои имаат дистинктивни географски потекла, а при компарација се донекаде и различни и слични. Овие хетерогени фрагменти го создаваат архипелагот на современото Европско Архитектонско сценарио, а неговото документирање е главната цел на овој проект.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Меѓу 30-те студија е и тимот на KONNTRA, студио сочинето од архитекти од Македонија, Хрватска и Словенија. Тие претставуваат интересен пример за CARNETS, бидејќи ги сплотуваат нивните различни позадини во една цврста архитектонска „целина“ која креира иновативни проекти. Оставаме на нив да ви дадат повеќе информации за целиот проект:

 

 

 

KONNTRA – work space

 

 

Овој истражувачки проект е започнат пред две години, од страна на осум студенти по архитектура при Универзитетот IUAV за архитектура во Венеција: Marco Andreatta, Caterina Barbon, Gianluca Bernardi, Davide Cecconello, Andrea Cusanno, Leonardo Peressa, Tommaso Petrosino and Matteo Vianello.

Целта на овој проект е да се испита сегашниот пејзаж на Архитектурата во Европа, по настанатата економска криза во 2008 година, преку интервјуа, разговори и работилници, јавни настани и дебати.

Протагонисти на ова истражување се 30 млади студија за архитектурa. Тимови на архитекти кои секојдневно ги поместуваат границите на архитектонската сцена во европа.

Atelier Fanelsa, Bonell-Dóriga, Central ofaau, Fala atelier, False Mirror office, Fosbury architecture, La Macchina studio, Mertelj Vrabič arhitekti, Norell/Rodhe, OMMX, Point Supreme, Schneider Türtscher, Studio Maks, Unulaunu, Weyell-Zipse, Boano Prišmontas, Büro Kofink Schels, Conen Sigl Architekten, Dyvik Kahlen, Ganko, KONNTRA, Kosmos, Martinez Barat Lafore, Oasi Architects, Paradigma Ariadné, Ponto atelier, PYO Arquitectos, Raamwerk, Rloaluarnad, X = ( T = E = N )

Заедно со серија есеи од надворешни соработници, кои се фокусираат на некои теми од истражувањето. Напишани од страна на: Mario Lupano, Davide Tommaso Ferrando, Ludovico Centis, Benjamin Gallegos Gabilondo and Marco Provinciali, Saul Marcadent.

Во оваа публикација, преку истражувања и разговори се претставуваат состојбите што ја опкружуваат фигурата на архитектот, нивните пракси и улоги во контекст на современиот свет: нејзиниот однос со општеството, минатите и сегашни лични искуства, со верување дека Архитектурата е само изговор. Преку претставување и потенцирање на младите архитектонски студија како фигури во општеството и на Европската архитектонска сцена, низа на приватни графики, текстови и слики имаат значаен придонес и го прават овој проект единствен.

Во книгата се прикажани есеи од горе наведените автори, во кои е претставена  инспирирани врз база на како некакво резиме од севкупниот материјал што го имаат приложено архитектонските студија

Особено ни е драго што KONNTRA преку одлична соработка придонесе за реализација на оваа публикација, која официјално беше презентирана во Венеција на 30.10.2019 на отворениот настан ” Magwall presents Carnets: Architecture is just a pretext “ претставен во Magwall  – уметничка галерија, простор за архитектура и уметност во центарот на Венеција, Италија.

Секако во тек се и нови проекти кои наскоро со задоволство би ги споделиле со вас.

Мирјана Лозановска, KONNTRA

 

 

Книгата моментално се подготвува за издавање кое би требало да се изведе до средината на декември. За оваа цел тие организираат кикстартер кампања во која и вие може учествувате и да си резервирате примерок од публикацијата.