Куќа на Бектешовци, Прилеп / 1923
25.02.2025 • ХХ век / I половина

Година: 1923
Извори: oldprilep.com; mk.wikipedia.org
Локација: Прилеп
Старата градска архитектура во Прилеп е претежно во централното градско подрачје и поделена е на две групи. Првата група се објекти од крајот на XIX век, кои се во духот на традиционалната македонска архитектура, а во втората група спаѓаат објекти, изградени во почетокот на ХХ век, со примеси на европските стилови. Најзначаен објект од втората група на објекти е куќата на Бектешовци, која што има изобилство на убави детали на фасадите и ентериерот. Оваа куќа е прогласена за културно наследство на Македонија.

Куќата на Бектешовци е сместена во строгиот центар на градот, до основното училиште „Кочо Рацин“. Изградена е во 1923 година од мајсторор Ило Дарков и неговата тајфа за богатиот прилепски трговец Петар Т. Бектешоски.
Куќата на Башевци е под стилско влијание на неокласицизам чии елементи се изразени преку фронталната фасада. Нарачал да се изгради Панту Николов Жешков во 1900 година а за таа цел ангажирал мајстори од Солун. Објектот е изграден во духот на граѓанската архитектура на правоаголна основа со симетрични решенија како во основите така и на предната и задна фасада, со висина П+1 кат


Има голем број соби, голем салон и тавани со висина од 3,5 метри. Главниот влез има коринтски столбови и широки мермерни скали, а дворот е ограден со кована железна ограда изработена од пролепски мајстори. Во 2013 години градбата е реставрирана.
Оваа куќа отсликува и презентира еден период на градителското движење и активност на ова подрачје.



Автор на статија: Martina Shteriova
Културно наследство / Куќа на Бектешовци / Прилеп / Станбен објект